Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски на прес-конференција за новинарите образложи дел од аргументите на Судот, зошто е поведена постапка за членовите 17 и 18 од Законот за измени и дополнувања на Изборниот законик.
„Под сомнеж на уставноста се доведуваат овие членови од аспект на две темелни вредности на нашиот уставен поредок: владеењето на правото и политичкиот плурализам, принципот на еднаквост на граѓаните пред Устав и законите. По долги години за прв пат Уставниот суд на некој начин се одважи и почна да ја цени формалната уставност, односно постапката на носење на законите. Уставноста е состојба која подразбира акти, прописи и дејствија и сите тие треба да се во согласност со Уставот. Измената на цензусот со спорните членови е направена во нетранспарентна и несоодветна постапка, бидејќќи не станува збор за технички туку суштествени измени кои ќе влијаат на правата на граѓаните, дали ќе се кандидираат за советници, градоначалници”, изјави претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски на прес-конференција за новинарите.
https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=2055634978287210&rdid=DM3f9qADL0UqJlIu