На Подготвителниот состанок се очекува претседателите на уставните судови да дискутираат и одлучуваат по повеќе точки, меѓу кои: Извештајот на Комитетот формиран според Резолуцијата III од Кругот на Претседателите, избор и одобрување на темата на XX-от Конгрес, утврдување на детали за одржување на XX-от Конгрес, назначување на генерален известувач кој ќе ги анализира националните извештаи, презентирање на барањето за членство од страна на Уставниот суд на Косово, составување на список на набљудувачи и гости, предлози за продолжување на соработката со Венецијанската комисија и други теми по предлози на европските уставни судови.
Подготвителниот состанок ќе се одржи на 28 февруари 2025 година во Тирана.