Судијата на Уставниот суд, проф. д-р Ана Павловска-Данева говорник на Меѓународна конференција во Хрватска

Судијата на Уставниот суд, д-р Ана Павловска-Данева учествуваше на Меѓународна конференција во Опатија, Хрватска, кадешто имаше свое обраќање на темата „Примена на Европските принципи во реорганизацијата на државната администрација во Република Северна Македонија. ”

На Конференцијата во текот на првите две сесии беа презентирани практични примери од повеќе држави, и од земјите-членки на ЕУ, но и од земји кои не се дел од Европската Унија, од претставници на правосудството, уставните судови, како и реномирани професори областа на административното право. 

На третата сесија фокусот беше ставен на „Одржливоста и вештачката интелигенција низ призмата на европските вредности и принципи.”