2025
-
УЗ.бр.6/2025
СЕ УКИНУВА Одлуката за донесување на Предлог-деталниот урбанистички план за нас. „ДЕВЕАНА“ УЕ „Д“ блок „Д5“ – дел, со плански период 2018 – 2023(1ха) – Општина Кичево бр. 08-1747/18 од 18.07.2023 година („Службен гласник на Општина Кичево“ бр.VII/2023 од 19.07.2023 година).
-
У.бр.265/2024
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на законитоста на Соопштението бр.02-763/1 од 10.06.2024 година на Стоматолошката комора на Македонија
-
УЗ.бр.25/2025
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за начинот на уништување на документи и начинот на уништување, бришење и чистење на медиумот во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано осигурување
-
У.бр.260/2024
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на точка 32 од дел III од Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2025 година, бр. 50-868/6 од 4 февруари 2025 година и СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на точка 35 од дел III…
-
УЗ.бр.73/2025
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на членовите 11, 12 и 18 од Деловникот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, донесен од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата
-
УЗ.бр.70/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на точките 3. и 10. од Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 година, донесено од Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
-
УЗ.бр.8/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 2 и член 3 од Правилникот за регистрирање на давателите на услуги платформа за споделување видеа
-
УЗ.бр.19/2025
СЕ ОТФРЛА иницијативата за преиспитување на Одлуката У.бр.98/2024 и У.бр.139/2024 на Уставниот суд на Република Северна Македонија, донесена на седницата одржана на 25 септември 2024 година
-
УЗ.бр.3/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 55 став 2 од Правилата за тргување на Македонска берза на хартии од вредност АД Скопје
-
У.бр.160/2024
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 9 во делот „толкување и“ од Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите и СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на уставноста на Автентичното толкување на Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите
-
УЗ.бр.47/2025, УЗ.бр.48/2025 и УЗ.бр.59/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за утврдување на бројот на членовите на советите на општините во Република Северна Македонија, донесена од Владата на Република Северна Македонија