Органи на единиците на локална самоуправа
-
УЗ.бр.67/2025
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Наредбата за затворање на постоечката нестандардна локација за отстранување на комунален отпад во село Никуштак, Општина Липково, донесена од министерот за животна средина и просторно планирање, бр.02-3864/1 од 15.09.2025 година
-
УЗ.бр.34/2025
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за доделување на еднократна финансиска помош на Здружението Карпино, бр.08-9/171 од 30.04.2025 („Службен гласник на Општина Старо Нагоричане“ бр.8/2025 од 05.05.2025 година)
-
УЗ.бр.64/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Заклучокот за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во општинските основни училишта од Општина Кочани за учебната 2025–2026 година, бр.09-1326/1 од 27.08. 2025 година, донесен од Советот на Општина Кочани
-
У.бр.158/2024
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт C3 16 Општина Ѓорче Петров, Скопје
-
У.бр.245/2024
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за недавање согласност на Годишниот план за вработување во општинската администрација на Општина Битола за 2025 година, донесена од Советот на Општина Битола и Одлуката за потврдување на донесената Одлука за недонесување на Годишниот план за вработување во општинската администрација на…
-
У.бр.116/2024
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста од табеларниот приказ во глава V. Висина на надоместоци за уредување на градежно земјиште и тоа во делот на табелите: V-а. Висина на уредување на градежно земјиште во градот Богданци реден број 15 и 16 од Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2024…
-
У.бр.38/2023-1
СЕ УКИНУВА Одлуката за условите и начинот на давање под закуп на недвижен имот во сопственост на Град Скопје, донесена од Советот на Град Скопје на 23.02.2023 година и СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорената одлука
-
У.бр.58/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот на Советот на Општина Македонска Каменица
-
У.бр.119/2023
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката на Советот на Општина Македонска Каменица
-
У.бр.38/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за условите и начинот на давање под закуп на недвижен имот во сопственост на Град Скопје, донесена од Советот на Град Скопје и СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената одлука
-
У.бр.57/2023
СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за пренамена на средства во Буџетот на Општина Старо Нагоричане за 2023 година донесена од Советот на Општина Старо Нагоричане