Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.57/2023
Скопје, 14.12.2023 год.
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу и д-р Дарко Костадиновски, врз основа на член 110 и член 28 алинеја 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 14 декември 2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за пренамена на средства во Буџетот на Општина Старо Нагоричане за 2023 година донесена од Советот на Општина Старо Нагоричане бр. 08-9/120 од 30.03.2023 година („Службен гласник на Општина Старо Нагоричане“ бр.6/2023).
Образложение
I
Бобан Цветановски, заменик-градоначалник на Општина Старо Нагоричане, се обрати до Уставниот суд со иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката означена во диспозитивот на ова решение.
Според наводите во иницијативата, оспорената Одлука за пренамена на средства во Буџетот на Општина Старо Нагоричане за 2023 година донесена од Советот на Општина Старо Нагоричане бр. 08-9/120 од 30.03.2023 година („Службен гласник на Општина Старо Нагоричане“ бр.6/2023), е спротивна на Уставот, Законот за локалната самоуправа, Законот за буџетите и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, особено член 51 став 1 од Уставот и членови 13 и 36 од Законот за локалната самоуправа.
Подносителот како причина за оспорување го наведува донесувањето на оспорената одлука што е направено без да се почитува процедурата за изработка на актот за пренамена на средства во Буџетот на Општина Старо Нагоричане притоа наведувајќи дека е во спротивност со член 50 од Законот за локалната самоуправа.
Во иницијативата подносителот наведува уставни и законски одредби кои претставуваат основа за неговото обраќање до Уставниот суд, притоа ги цитира член 51 став 1, член 110 алинеја 2 во врска со член 108 од Уставот и член 15 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Исто така, го цитира член 51 став 3 од Законот за локалната самоуправа.
Во образложението на поднесената иницијатива, подносителот наведува дека Советот на Општина Старо Нагоричане на својата 23-та седница одржана на ден 09.03.2023 година, има донесено Одлука за пренамена на средства во Буџетот на Општина Старо Нагоричане за 2023 година донесена од страна на Советот на Општина Старо Нагоричане заведена под број 08-9/104 од 09.03.2023 година.
Согласно овластувањата за вршење на контрола на законитоста на прописите врз основа на член 51 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02), градоначалникот донел Решение бр.09-10/49 од 16.03.2023 година за запирање на објавување на Одлуката на Советот. Советот на Општина Старо Нагоричане повторно донел Одлука за пренамена на средства во Буџетот на Општина Старо Нагоричане за 2023 година бр. 08-9/120 од 30.03.2023 година со идентична содржина како и претходно донесената и запрена одлука.
По втородонесената одлука, заменик-градоначалникот се обрати до Уставниот суд со иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на оспорената одлука и предлага Судот да ја поништи или укине Одлуката за пренамена на средства во Буџетот на Општина Старо Нагоричане за 2023 година бр. 08-9/120 од 30.03.2023 година.
II
На седницата Судот утврди дека Советот на Општина Старо Нагоричане има донесено Одлука за пренамена на средства во Буџетот на Општина Старо Нагоричане за 2023 со бр. 08-9/120 од 30.03.2023 година, врз основа на член 36, член 51 став 3 и член 62 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 5/2002).
Според член 1 од Одлуката, Советот на Општина Старо Нагоричане донел одлука за пренамена на финансиски средства од Буџетот на Општина Старо Нагоричане за 2023 година во износ од 300.000 денари за потреба на субвенција на јавен линиски превоз на патници.
Со член 2 од Одлуката, се задолжува заменик градоначалникот на Општина Старо Нагоричане да ја спроведе оваа одлука.
Во член 3 од Одлуката е предвидено дека одлуката влегува во сила со наредниот ден од денот на објава во „Службен гласник на Општина Старо Нагоричане“.
III
Според член 110 алинеја 2 од Уставот на Република Северна Македонија, Уставниот суд, одлучува за согласноста на другите прописи и колективните договори со Уставот и со законите.
Според член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето.
Со иницијативата се бара оцена на уставност и законитост на акт – Одлуката за пренамена на средства во Буџетот на Општина Старо Нагоричане за 2023 година донесена од Советот на Општина Старо Нагоричане бр. 08-9/120 од 30.03.2023 година („Службен гласник на Општина Старо Нагоричане“ бр.6/2023).
Имено, оспорениот акт претставува одлука со која Советот на Општината само врши пренамена на средства од Буџетот согласно нивните потреби, за субвенционирање на јавен линиски превоз на патници.
Уставниот суд на Република Северна Македонија има надлежност да одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите, меѓутоа, не сите прописи можат да бидат предмет на оцена пред Уставниот суд, туку само прописите кои содржат општи норми на однесување, уредуваат односи на субјектите во правото на општ начин и кои утврдуваат права и обврски на неопределен број на субјекти во правото.
Имајќи предвид дека актот којшто се оспорува со иницијативата, не ги содржи правните елементи што го определуваат прописот подобен за уставно-судска оцена, барањето за оцена на неговата уставност и законитост, излегува надвор од утврдените надлежности на Уставниот суд од член 110 алинеја 2 од Уставот на Република Северна Македонија, со што се настапени условите од член 28 алинеја 1 од Деловникот на Судот за отфрлање на иницијативата
IV
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese
e Republikës së Maqedonisë së Veriut
U. nr. 57/2023
Shkup, 14.12.2023
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të neneve 110 dhe nenit 28 alineja 1 e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 14 dhjetor 2023, miratoi
A K T V E N D I M
HIDHET POSHTË iniciativa për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së Vendimit për ridedikimin e mjeteve në Buxhetin e Komunës së Nagoriçit të Vjetër për vitin 2023 miratuar nga Këshilli i Komunës Nagoriç i Vjetër nr. 08-9/120 nga 30.03.2023 (“Lajmëtari zyrtar i Komunës Nagoriç i Vjetër” nr. 6/2023).
Arsyetim
I
Boban Cvetanovski, nënkryetar i komunës së Nagoriçit të Vjetër, i është drejtuar Gjykatës Kushtetuese me iniciativë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së vendimit të shënuar në dispozitiv të këtij aktvendimi.
Sipas pretendimeve në iniciativë, Vendimi i kontestuar për ridedikimin e mjeteve në Buxhetin e Komunës së Nagoriçit të Vjetër për vitin 2023 i miratuar nga Këshilli i Komunës së Nagoriçit të Vjetër nr. 08-9/120 më datë 30.03.2023 (“Lajmëtari Zyrtar i Komunës së Nagoriçit të Vjetër” nr. 6/2023), është në kundërshtim me Kushtetutën, Ligjin për Vetëqeverisjen Lokale, Ligjin për Buxhetin dhe Ligjin për Financimin e Njësive të Vetëqeverisjes Lokale, në veçanti nenin 51 paragrafin 1 të Kushtetutës dhe nenet 13 dhe 36 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale.
Parashtruesi si arsye për kontestimin e potencon miratimin e vendimit të kontestuar, i cili është marrë pa u respektuar procedura e përgatitjes së aktit për ridedikimin e mjeteve në Buxhetin e Komunës së Nagoriçit të Vjetër, duke potencuar se është në kundërshtim me nenin 50 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale.
Në iniciativë, parashtruesi citon dispozita kushtetuese dhe ligjore që janë bazë për ankesën e tij në Gjykatën Kushtetuese, duke përmendur nenin 51 paragrafin 1, nenin 110 paragrafin 2 në lidhje me nenin 108 të Kushtetutës dhe nenin 15 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut. Gjithashtu citon nenin 51 paragrafin 3 të Ligjit për Vetëqeverisje Lokale.
Në sqarimin e iniciativës së dorëzuar, parashtruesi potencon se Këshilli i Komunës së Nagoriçit të Vjetër, në seancën e 23-të të mbajtur më 09.03.2023, ka miratuar Vendim për ridedikimin e mjeteve në Buxhetin e Komunës së Nagoriçit të Vjetër për vitin 2023, miratuar nga Këshilli i Komunës së Nagoriçit të Vjetër regjistruar me numrin 08-9/104 nga 09.03.2023.
Në bazë të autorizimeve për të kontrolluar ligjshmërinë e rregulloreve të bazuara në nenin 51 të Ligjit për Vetëqeverisje Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 5/02), Kryetari i Komunës ka miratuar Aktvendim nr. 09-10/49 më datë 16.03.2023 të ndalojë publikimin e Vendimit të Këshillit. Këshilli i Komunës së Nagoriçit të Vjetër sërish ka miratuar Vendim për ridedikimin e mjeteve në Buxhetin e Komunës së Nagoriçit të Vjetër për vitin 2023 nr. 08-9/120, datë 30.03.2023 me përmbajtje identike si vendimi i miratuar dhe i pezulluar paraprakisht.
Pas vendimit të shkallës së dytë, nënkryetari i komunës iu drejtua Gjykatës Kushtetuese me iniciativë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së vendimit të kontestuar dhe propozon Gjykata ta anulojë ose shfuqizojë Vendimin për ridedikimin e mjeteve në Buxhetin e Komunës së Nagoriçit të Vjetër për vitin 2023 nr. 08-9/120 nga 30.03.2023.
II
Gjykata në seancë konstatoi se Këshilli i Komunës së Nagoriçit të Vjetër ka miratuar Vendim për ridedikimin e mjeteve në Buxhetin e Komunës së Nagoriçit të Vjetër për vitin 2023 me nr. 08-9/120 të datës 30 mars 2023, bazuar në nenin 36, nenin 51 paragrafin 3 dhe nenin 62 të Ligjit për Vetëqeverisje Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 5/2002).
Sipas nenit 1 të Vendimit, Këshilli i Komunës së Nagoriçit të Vjetër ka marrë vendim për ridedikimin e mjeteve financiare nga Buxheti i Komunës së Nagoriçit të Vjetër për vitin 2023 në shumë prej 300.000 denarë për nevojën e subvencionimit të transportit publik të pasagjerëve.
Neni 2 i Vendimit detyron nënkryetarin e Komunës së Nagoriçit të Vjetër për zbatimin e këtij vendimi.
Në nenin 3 të Vendimit përcaktohet se vendimi hyn në fuqi ditën e nesërme nga dita e botimit në “Lajmëtarin Zyrtar të Komunës Nagoriçit të Vjetër”.
III
Sipas nenit 110 alineja 2 e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata Kushtetuese, vendos për përputhshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe me ligjet.
Sipas nenit 28 alineja 1 e Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata Kushtetuese do ta hedhë poshtë iniciativën nëse nuk është kompetente të marrë vendim për kërkesën.
Iniciativa kërkon vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një akti – Vendimi për ridedikimin e mjeteve në Buxhetin e Komunës së Nagoriçit të Vjetër për vitin 2023 i miratuar nga Këshilli i Komunës së Nagoriçit të Vjetër nr. 08-9/120 i datës 30.03.2023 (“Lajmëtari Zyrtar i Komunës së Nagoriçit të Vjetër” nr.6/2023).
Gjegjësisht, akti kontestues paraqet vendim me të cilin Këshilli Komunal bën vetëm ridedikimin e mjeteve nga Buxheti sipas nevojave të tyre, për subvencionimin e transportit publik të udhëtarëve.
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut ka kompetencë të vendos për pajtueshmërinë e rregulloreve të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet, megjithatë, jo të gjitha rregulloret mund të jenë subjekt vlerësimi para Gjykatës Kushtetuese, por vetëm dispozitat që përmbajnë norma të përgjithshme të sjelljes, rregullojnë marrëdhëniet e subjekteve në të drejtën në mënyrë të përgjithshme dhe që përcaktojnë të drejtat dhe detyrimet e një numri të pacaktuar subjektesh në të drejtën.
Duke qenë se akti i kundërshtuar nga nisma nuk përmban elementet ligjore që përcaktojnë rregulloren e pranueshme për vlerësim kushtetueso-gjyqësor, kërkesa për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së saj shkon përtej kompetencave të përcaktuara nga Gjykata Kushtetuese nga neni 110, alineja 2 e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, që i plotëson kushtet nga neni 28 alineja 1 e Rregullores së Gjykatës për refuzimin e iniciativës.
IV
Në bazë të lartpërmendurës, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska