Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.62/2023
Скопје, 25.10.2023 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 28 алинеја 1 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 25 октомври 2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за усвојување на барање за одобрување на парични средства, број 08-400/1 од 27.02.2023 година, донесена од Советот на Општина Македонска Каменица, објавена во „Службен гласник на Општина Македонска Каменица“ број 19/2023.
Образложение
I
До Уставниот суд на Република Северна Македонија, Димчо Атанасовски, градоначалник на Општина Македонска Каменица, поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на актот означен во диспозитивот од ова решение.
Според наводите во иницијативата со оспорената одлука се повредува член 8 став 1 алинеи 3 и 9 од Уставот, односно истата е во спротивност со принципот на владеењето на правото и правната сигурност на граѓаните и локалната самоуправа, како дел од темелните вредности на уставниот поредок на Републиката.
Според подносителот на иницијативата, оспорената одлука е во спротивност со член 2 став 2 од Правилникот за правото на користење, начинот и висината на одредување на еднократна парична помош, бр.08-364/1 од 27.02.2023 година. Имено, со наведениот правилник се одредува правото на користење, начинот и висината на еднократната парична помош на жителите на Општина Македонска Каменица и во него таксативно се наведени случаите кога Општината доделува еднократна парична помош, како и висината на истата.
Во член 2 став 2 од наведениот правилник не е предвиден како основ за еднократна парична помош, смртен случај во семејство и тешка финансиска состојба, како што е наведено во поднесеното барање од страна на Верка Стоилова. Согласно истиот член надлежност за постапување по конкретното барање за подобрување на социјалната положба има Комисијата за спроведување на постапка за еднократна парична помош формирана при Општина Македонска Каменица. На тој начин, Советот на Општината со донесување на оспорената одлука со која го усвоил барањето и определил произволен износ за еднократна парична помош го повредил член 2 став 2 од Правилникот и оспорената одлука не може да произведува правно дејство.
Поради незаконитоста на Одлуката градоначалникот донел решение со кое се запира објавувањето на оспорената одлука.
Советот на Општината на 19-та седница одржана на 15.03.2023 година донел Одлука за неусвојување на Решението за запирање на објавување на Одлуката бр.08-400/1 од 27.02.2023 година за одобрување на парични средства на Верка Стоилова.
Поради наведените причини градоначалникот на Општина Македонска Каменица предлага Уставниот суд да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорената одлука.
II
На седницата Судот утврди дека Советот на Општина Македонска Каменица, врз основа на член 36 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/2002) и член 20 од Статутот на Општина Македонска Каменица („Службен гласник на Општина Македонска Каменица“ бр.20/2019 и 38/2020), на 18-та седница одржана на ден 27.02.2023 година, донел Одлука за усвојување на барање за одобрување на парични средства.
Во член 1 од оспорената одлука се предвидува дека со оваа одлука Советот на Општина Македонска Каменица го усвојува барањето за одобрување на парични средства на Верка Стоилова од Македонска Каменица заради смрт на сопругот и тешка финансиска состојба. Барањето на Верка Стоилова бр.08-323/1 од 21.02.2023 година е составен дел на оваа одлука.
Според член 2 од оваа одлука, од Буџетот на Општина Македонска Каменица ќе се исплатат парични средства во износ од 30.000, 00 денари на трансакциска сметка на Верка Стоилова.
Согласно член 3 од Одлуката, оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен гласник на Општина Македонска Каменица“.
III
Според член 110 алинеи 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот, како и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Согласно член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Судот ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето.
Уставниот суд е надлежен да одлучува за уставноста и законитоста на пропис донесен од орган на државната власт или од организација или институција во вршењето на јавните овластувања доверени со закон, односно донесен од јавно правен субјект кој содржи општи норми на однесување, односно со него се уредуваат односи на субјектите во правото на општ начин на неопределен број на субјекти во правото.
Меѓутоа, според Судот, оспорената одлука е донесена по барање на индивидуален субјект (барател) и истата регулира inter partes односи, а не erga omnes, што упатува на констатација дека одлуката има карактер на поединечен акт, а не општ акт, и истиот како таков не регулира односи на субјектите во правото на општ начин на неопределен број на субјекти, кој би му дал карактер на пропис по кој Уставниот суд би можел мериторно да одлучува.
Имено, од содржината на оспорената одлука неспорно произлегува дека таа е поединечен акт со кој се врши одобрување на средства од Буџетот на Општина Македонска Каменица во определен износ и за точно определен субјект, што значи дека оспорената одлука регулира односи inter partes, а не е пропис кој уредува определени односи на субјектите во правото на општ начин на неопределен број на субјекти во правото.
Со оглед на тоа што оспорената одлука нема карактер на пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија и истата претставува конкретен, поединечен акт, Уставниот суд не е надлежен да ја оценува нејзината согласност vis a vis Уставот и Законот за локалната самоуправа, поради што согласно член 28 алинеја 1 од Деловникот, иницијативата се отфрли.
IV
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U. nr.62/2023
Shkup, 25.10.2023 година
Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës, dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 28 alineja 1 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 25 tetor 2023, miratoi
AKTVENDIM
REFUZOHERT iniciativa për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së Vendimit për miratimin e kërkesës për miratimin e mjeteve në para, numër 08-400/1 nga 27.02.2023, të miratuar nga Këshilli i Komunës së Makedonska Kamenicës, publikuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Makedonska Kamenicës”. 19/2023.
Arsyetim
I
Në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, Dimço Atanasovski, kryetar i Komunës së Makedonska Kamenicës, ka dërguar iniciativë për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së aktit të përcaktuar në dispozitivin të këtij aktvendimi.
Sipas pretendimeve në iniciativë, vendimi i kontestuar është në kundërshtim me nenin 8, paragrafi 1, alinetë 3 dhe 9 të Kushtetutës, përkatësisht në kundërshtim me parimin e sundimit të së drejtës dhe sigurisë juridike të qytetarëve dhe të vetëqeverisjes lokale si pjesë e vlerave themelore të rendit kushtetues të Republikës.
Sipas parashtruesit të iniciativës, vendimi i kontestuar është në kundërshtim me nenin 2 paragrafi 2 të Rregullores për të drejtën e shfrytëzimit, mënyrën dhe shumën e përcaktimit të ndihmës financiare të njëhershme, nr. 08-364/1 të 27.02.2023. Përkatësisht, rregullorja e përmendur përcakton të drejtën e shfrytëzimit, mënyrën dhe lartësinë e ndihmës së njëhershme financiare për banorët e Komunës së Makedonska Kamenicës dhe në të janë theksuar në mënyrë taksative rastet kur komuna ndan ndihmë të njëhershme në para si dhe lartësia e të njëjtës.
Në nenin 2 paragrafi 2 të rregullores në fjalë, rasti i vdekjes në familje dhe gjendja e rëndë financiare nuk janë paraparë si bazë për ndihmë financiare të njëherëshme, siç thuhet në kërkesën e parashtruar nga Verka Stoilova. Sipas të njëjtit nen, Komisioni për zbatimin e procedurës për ndihmë të njëhershme financiare, i themeluar në Komunën e Makedonska Kamenicës, ka kompetencë të veprojë për kërkesën konkrete për përmirësimin e pozitës sociale. Në atë mënyrë, Këshilli i Komunës, me marrjen e vendimit të kontestuar me të cilin ka miratuar kërkesën dhe ka përcaktuar një shumë arbitrare për ndihmë financiare të njëherëshme, ka shkelur nenin 2 paragrafi 2 të Rregullores dhe vendimi i kontestuar nuk mund të prodhojë veprim juridik.
Për shkak të paligjshmërisë së vendimit, kryetari i komunës ka marrë vendim për ndalimin e publikimit të vendimit të kontestuar.
Këshilli i Komunës në mbledhjen e 19-të të mbajtur më 15.03.2023, ka marrë Vendim për mosmiratimin e Vendimit për ndalimin e publikimit të Vendimit Nr. 08-400/1, nga 27.02.2023 për miratimin e mjeteve në para të Verka Stoilova.
Për arsyet e cekura, kryetari i Komunës së Makedonska Kamenicës propozon që Gjykata Kushtetuese të inicojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së vendimit të kontestuar.
II
Gjykata në seancë përcaktoi se Këshilli i Komunës së Makedonska Kamenicës, në bazë të nenit 36 të Ligjit për vetëqeverisje lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 5/2002) dhe nenit 20 të Statutit të Komunës së Makedonska Kamenicës (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Makedonska Kamenicës” nr. 20/2019 dhe 38/2020), në mbledhjen e 18-të të mbajtur më 27.02.2023, ka miratuar Vendim për miratimin e kërkesës për miratimin e mjeteve në para.
Neni 1 i vendimit të kontestuar parasheh se me këtë vendim Këshilli i Komunës së Makedonska Kamenicës miraton kërkesën për miratimin e mjeteve të Verka Stoilova nga Makedonska Kamenica për shkak të vdekjes së bashkëshortit dhe gjendjes së rëndë financiare. Kërkesa e Verka Stoilova nr.08-323/1 datë 21.02.2023 është pjesë përbërëse e këtij vendimi.
Sipas nenit 2 të këtij vendimi, mjetet në vlerë prej 30.000,00 denarë do të paguhen nga Buxheti i Komunës së Makedonska Kamenicës në llogarinë transaksionale të Verka Stoilova.
Sipas nenit 3 të Vendimit, ky vendim hyn në fuqi me ditën e miratimit dhe do të publikohet në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Makedonska Kamenicës“.
III
Sipas nenit 110 paragrafët 1 dhe 2 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e ligjeve me Kushtetutën, si dhe për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe të marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe me ligjet.
Sipas nenit 28 paragrafi 1 i Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata do ta refuzojë iniciativën nëse nuk është kompetente për të vendosur për kërkesën.
Gjykata Kushtetuese është kompetente të vendosë për kushtetutshmërinë dhe ligjshmërinë e një rregulloreje të miratuar nga organi pushtetit shtetëror ose nga një organizatë ose institucion në kryerjen e autorizimeve publike të besuara me ligj, respektivisht të miratuar nga një subjet juridik publik që përmban norma të përgjithshme të sjelljes respektivisht me të rregullon marrëdhëniet e subjekteve në të drejtën në mënyrë të përgjithshme të një numri të pacaktuar subjektesh në drejtësi.
Mirëpo, sipas Gjykatës, vendimi i kontestuar është marrë me kërkesë të një subjekti individual (kërkues) dhe rregullon marrëdhëniet interpartes, jo erga omnes, gjë që nxjerr në përfundimin se vendimi ka karakterin e një akti individual, jo akt i përgjithshëm dhe i njëjti si i tillë nuk rregullon marrëdhëniet e subjekteve në drejtësi në mënyrë të përgjithshme të një numri të pacaktuar subjektesh, gjë që do t’i jepte karakterin e një rregulloreje sipas së cilës Gjykata Kushtetuese mund të vendoste në mënyrë meritore.
Gjegjësisht, nga përmbajtja e vendimit të kontestuar padiskutim del se bëhet fjalë për akt individual me të cilin miratohen mjete nga Buxheti i Komunës së Makedonska Kamenicës në një shumë të caktuar dhe për subjekt të përcaktuar saktësisht, që do të thotë se me vendimin e kontestuar rregullohen marrëdhëniet interpartes, dhe nuk është një rregullore që rregullon marrëdhëniet e caktuara të subjekteve të së drejtës në mënyrë të përgjithshme për një numër të pacaktuar subjektesh të së drejtës.
Meqenëse vendimi i kontestuar nuk ka karakter të rregullores në kuptim të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë dhe paraqet akt të veçantë individual, Gjykata Kushtetuese nuk është kompetente të vlerësojë marrëveshjen e saj vis a vis Kushtetuta dhe Ligji për vetëqeverisje lokale, për shkak se sipas nenit 28 paragrafi 1 i Rregullores iniciativa u refuzua.
IV
Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij vendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut
Dobrilla Kacarska