Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.56/2023
Скопје, 14 декември 2023 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу и д-р Дарко Костадиновски, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 14 декември 2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за субвенционирање на јавен линиски превоз на патници од Буџетот на Општина Старо Нагоричане за 2023 година за линија Куманово – с.Дејловце бр.08-9/121 од 30.03.2023 година, донесена од Советот на Општина Старо Нагоричане, објавена во „Службен гласник на Општина Старо Нагоричане “ бр.6/2023 од 03.04.2023 година.
Образложение
I
Бобан Цветановски, заменик-градоначалник на Општина Старо Нагоричане, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за субвенционирање на јавен линиски превоз на патници од Буџетот на Општина Старо Нагоричане за 2023 година за линија Куманово – с.Дејловце бр.08-9/121 од 30.03.2023 година, донесена од Советот на Општина Старо Нагоричане и објавена во „Службен гласник на Општина Старо Нагоричане“ бр.6/2023 од 03.04.2023 година.
Според наводите во иницијативата, оспорената одлука не е во согласност со член 51 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и членовите 13 и 36 од Законот за локалната самоуправа.
Подносителот на иницијативата смета дека Советот на Општина Старо Нагоричане со оспорената одлука дава можност за користење на средствата од Буџетот само на еден приватен субјект без давање на можност за еднаква распределба на средства на сите заинтересирани субјекти од истата област и без соодветни услови за распределба и како таква е незаконска и не може да се спроведе.
Според подносителот на иницијативата оспорената одлука е спротивна на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и Законот за спречување на корупција и судирот на интереси без притоа да ги наведе одредбите од законите и да ги образложи причините за оспорување на Одлуката по овој основ.
II
На седницата Судот утврди дека Одлуката е донесена од Советот на Општина Старо Нагоричане и се состои од 3 члена. Во член 1 се утврдува дека Советот на Општина Старо Нагоричане донел одлука да го субвенционира јавниот линиски превоз на патници за линија Куманово – с. Дејловце за време од 6 месеци по 50.000 денари/месечно со средства од Буџетот на Општина Старо Нагоричане за 2023 година. Со член 2 од Одлуката се задолжува заменик-градоначалникот на Општина Старо Нагоричане да ја спроведе Одлуката. Во последниот член од Одлуката се определува времето на влегување во сила на истата, а тоа е наредниот ден од денот на нејзината објава во „Службен гласник на Општина Старо Нагоричане“. Оспорената одлука е објавена во „Службен гласник на Општина Старо Нагоричане “ бр.6/2023 од 03.04.2023 година.
III
Во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно член 51 од Уставот.
Според член 110 алинеја 2 од Уставот на Република Северна Македонија, Уставниот суд на Република Северна Македонија, одлучува и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Согласно член 13 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002), општините имаат свој буџет и прашањата што се однесуваат на буџетот на општината се уредуваат со закон.
Советот, како орган на општината, согласно член 36 од Законот за локалната самоуправа има надлежност, меѓу другото, да донесува буџет на општината и годишна сметка на општината.
Согласно член 62 од Законот за локалната самоуправа, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон. Прописите се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број членови на советот, доколку поинаку не е определено со овој или друг закон. Прописите за чие извршување се потребни финансиски средства мораат да содржат и одредби со кои се утврдуваат изворите и висината на средствата за нивно извршување.
Според член 31 од Законот за буџетите („Службен весник на Република Македонија“ бр.64/2005, 4/2008, 103/2008, 156/2009, 95/2010, 180/11, 171/12, 192/15 и167/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.151/21 и 87/22) содржината и постапката на донесување на буџетите на општините е пропишана со закон.
Буџетот на општината според член 22 став 1 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ број 61/2004, 96/2004, 67/2007, 156/2009, 47/2011, 192/2015 и 209/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 244/2019, 53/21, 77/2021, 150/2021 и 173/2022) се изготвува, донесува и извршува во согласност со Законот за буџетите, ако со овој закон поинаку не е уредено. Со одредбите од членовите од 22 до 32 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа се уредени прашањата во врска со буџетот на општината, од кои неспорно произлегува дека општината преку советот и градоначалникот како свои органи, го остварува донесувањето и извршувањето на буџетот што треба да е во согласност со содржината на усвоениот буџет.
Член 26 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа уредува дека средствата од буџетот на општината можат да се користат само за намените и износите утврдени во буџетот.
Во конкретниот случај надлежен орган, односно Советот на Општината, со мнозинство гласови од вкупниот број на членови во Советот донел Одлука за пренамена на средства во Буџетот, со што ги обезбедил потребните средства од Буџетот, а со оспорената одлука истите средства ги наменил за субвенционирање на јавниот линиски превоз. Имено, постапено е согласно претходно цитираните законски одредби со тоа што Советот на Општина Старо Нагоричане со донесување на Одлуката за пренамена на средствата на Буџетот на Општина Старо Нагоричане за 2023 година бр.08-9/120 („Службен гласник на Општина Старо Нагоричане“ бр. 6/2023) обезбедил средства од Буџетот, а со донесување на Одлуката за субвенционирање на јавен линиски превоз на патници од Буџетот на Општина Старо Нагоричане за 2023 година за линија Куманово – с. Дејловце утврдил дека ќе го субвенционира јавниот линиски превоз на патници за линија Куманово – с. Дејловце со средствата пренаменети со претходно цитираната одлука при што ја утврдил висината на потребните средства за извршување на истата, периодот во кој ќе се врши субвенционирање и го задолжил заменик-градоначалникот да ја спроведе Одлуката како овластен орган за извршување на Буџетот.
Имајќи го предвид погоре наведеното, Судот оцени дека неосновано е тврдењето во иницијативата дека оспорената одлука e во спротивност со член 51 став 1 од Уставот и членовите 13 и 36 од Законот за локалната самоуправа, од причина што Советот на Општина Старо Нагоричане постапувајќи согласно дадените овластувања во наведените законски норми, ја донел оспорената одлука. Одлуката уредува дека патниците кои ќе го користат јавниот линиски превоз за линијата Куманово-с.Дејловце ќе бидат субвенционирани од страна на Општина Старо Нагоричане со оглед на тоа дека истото е од јавен интерес од локално значење, а за реализација на истата е овластен заменик- градоначалникот.
Во однос на наводите во иницијативата дека со оспорената одлука се дава можност за користење на средствата од буџетот од страна само на еден приватен субјект без давање на можност за еднаква распределба на средства на сите заинтересирани субјекти од истата област и без соодветни услови за распределба, Судот оцени дека истите се неосновани од причина што заменик-градоначалникот, кој согласно член 2 од оспорената одлука е задолжен да ја спроведе истата, може тоа да го стори единствено во согласност со позитивните правни прописи.
Имено, Законот за комунални дејности („Службен весник на Република Македонија “ бр.95/12, 163/13, 42/14, 44/15, 147/15, 31/16 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.302/20) уредува дека превозот на патници е комунална дејност. Превозот на патници согласно овој закон можат да го вршат правните и физичките лица кои поседуваат дозвола издадена од надлежен орган согласно со посебните закони со кои се уредуваат одделни комунални дејности.
Условите и начинот за вршење превоз на патници се регулирани со Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/2004, 127/2006, 114/2009, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/2013, 163/2013, 187/2013, 42/2014, 112/2014, 166/2014, 44/2015, 97/2015, 129/2015, 193/2015, 37/2016, 71/2016, 64/2018, 140/2018, 163/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 163/18,257/2019 и 67/2022). Според член 24 од Законот за превоз во патниот сообраќај, меѓуопштински линиски превоз на патници може да врши само превозник кој има лиценца за вршење на овој вид на превоз.
Имајќи ги предвид цитираните законски одредби кои пропишуваат кои превозници можат да вршат јавен линиски превоз, како и член 24 од Законот за локална самоуправа, според кој општината заради извршување на своите надлежности може да основа јавни служби или да го делегира вршењето на одредени работи од јавен интерес од локално значење на други правни или физички лица врз основа на договор за извршење на услуги од јавен интерес во согласност со закон, Судот оцени дека Општината Старо Нагоричане преку својот заменик-градоначалник кој е задолжен за спроведување на оспорената одлука, средствата од Буџетот наменети за субвенционирање на јавен линиски превоз на патници за линија Куманово – с. Дејловце може да ги даде на користење единствено на превозниците кои имаат лиценца за вршење на таков вид на превоз, без разлика колку превозници имат таква лиценца, односно дали се работи за еден или повеќе превозници со лиценца за вршење на таков вид на превоз.
Имајќи го предвид наведеното, Судот оцени дека оспорената одлука не е во спротивност со член 51 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и членовите 13 и 36 од Законот за локалната самоуправа, на кои се повикува подносителот на иницијативата.
IV
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд нa Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese
e Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.56/2023
Shkup, 14 dhjetor 2023
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 14 dhjetor 2023, miratoi
A K T V E N D I M
NUK INICIOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së Vendimit për subvencionimin e transportit publik të udhëtarëve nga Buxheti i Komunës së Nagoriçit të Vjetër për vitin 2023 për linjën Kumanovë – f.Dejllovcë nr. 08-9/121, datë 30.03.2023 nga Këshilli i Komunës së Nagoriçit të Vjetër, botuar në “Fletoren Zyrtare të Komunës Nagoriç i Vjetër” nr.6/2023 më datë 03.04.2023.
Arsyetim
I
Boban Cvetanovski, nënkryetar i komunës së Nagoriçit të Vjetër, Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut i parashtroi iniciativë për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së Vendimit për subvencionimin e transportit publik të udhëtarëve nga Buxheti i Komunës Nagoriç i Vjetër për vitin 2023 për linjën Kumanovë – f.Dejllovcë nr.08-9/121 datë 30.03.2023, miratuar nga Këshilli i Komunës së Nagoriçit të Vjetër dhe botuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Nagoriçit të Vjetër” nr. 6/2023 datë 03.04.2023.
Sipas pretendimeve në iniciativë, vendimi i kontestuar nuk është në përputhje me nenin 51 paragrafin 1 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenet 13 dhe 36 të Ligjit për Vetëqeverisje Lokale.
Parashtruesi i iniciativës beson se Këshilli i Komunës së Nagoriçit të Vjetër me vendimin e kontestuar i jep mundësi që mjetet nga Buxheti të shfrytëzohen vetëm për një subjekt privat pa i dhënë mundësi për shpërndarje të barabartë të mjeteve për të gjitha subjektet e interesuara nga e njëjta fushë dhe pa kushte të përshtatshme për shpërndarje dhe se si një gjë e tillë është e paligjshme dhe e pazbatueshme.
Sipas parashtruesit të iniciativës, vendimi i kontestuar është në kundërshtim me Ligjin për Financimin e Njësive të Vetëqeverisjes Lokale dhe Ligjin për Parandalimin e Korrupsionit dhe Konfliktit të Interesit, pa përmendur dispozitat e ligjeve dhe pa sqaruar arsyet e kontestimit të Vendimit mbi këtë bazë.
II
Në seancë Gjykata konstatoi se Vendimi është marrë nga Këshilli i Komunës së Nagoriçit të Vjetër dhe përbëhet nga 3 anëtarë. Neni 1 përcakton se Këshilli i Komunës së Nagoriçit të Vjetër ka marrë vendim për subvencionimin e transportit publik të udhëtarëve për linjën Kumanovë – f.Dejllovcë për periudhë 6-mujore prej 50.000 denarë/muaj me mjete nga Buxheti i Komunës së Nagoriçit të Vjetër për vitin 2023. Neni 2 i Vendimit obligon nënkryetarin e Komunës së Nagoriçit të Vjetër që të zbatojë Vendimin. Në nenin e fundit të Vendimit është përcaktuar koha e hyrjes në fuqi që është ditën e nesërme nga dita e shpalljes në “Fletoren Zyrtare të Komunës së Nagoriçit të Vjetër”. Vendimi i kontestuar është publikuar në “Fletoren Zyrtare të Komunës së Nagoriçit të Vjetër” nr.6/2023, datë 03.04.2023.
III
Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregulloret e tjera me Kushtetutën dhe ligjin. Të gjithë janë të detyruar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet, sipas nenit 51 të Kushtetutës.
Sipas nenit 110 paragrafi 2 i Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për përputhshmërinë e rregulloreve të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Sipas nenit 13 të Ligjit për Vetëqeverisje Lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 5/2002), komunat kanë buxhet të tyre dhe çështjet që kanë të bëjnë me buxhetin komunal rregullohen me ligj.
Këshilli, si organ i komunës, sipas nenit 36 të Ligjit për Vetëqeverisje Lokale, ka kompetencë, ndër të tjera, ta miratojë buxhetin e komunës dhe llogarinë vjetore të komunës.
Këshilli, në bazë të nenit 62 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale, në kryerjen e detyrave nga kompetenca e tij miraton rregullore, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulloret e tjera të përcaktuara me ligj. Rregulloret miratohen me shumicë votash të numrit të përgjithshëm të anëtarëve të këshillit, përveç nëse me këtë ose me ligjin tjetër është përcaktuar ndryshe. Rregulloret për zbatimin e të cilave kërkohen mjete financiare duhet të përmbajnë edhe dispozita që përcaktojnë burimet dhe lartësinë e mjeteve për zbatimin e tyre.
Sipas nenit 31 të Ligjit për Buxhetet („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë“ nr.64/2005, 4/2008, 103/2008, 156/2009, 95/2010, 180/11, 171/12, 192/15 dhe 167/16 dhe „ Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut“ nr.151/21 dhe 87/22) përmbajtja dhe procedura e miratimit të buxheteve të komunave është rregulluar me ligj.
Buxheti i komunës sipas nenit 22 paragrafit 1 të Ligjit për Financimin e Njësive të Vetëqeverisjes Lokale („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë“ numër 61/2004, 96/2004, 67/2007, 156/2009, 47/2011, 192/2015 dhe 209/2018 dhe „ Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut“ numër 244/2019, 53/21, 77/2021, 150/2021 dhe 173/2022) përpilohet, miratohet dhe zbatohet në pajtim me Ligjin për Buxhetin, nëse me këtë ligj nuk është rregulluar ndryshe. Me dispozitat e neneve 22 deri në 32 të Ligjit për Financimin e Njësive të Vetëqeverisjes Lokale rregullohen çështjet që kanë të bëjnë me buxhetin e komunës, nga e cila në mënyrë të padiskutueshme rezulton se komuna, nëpërmjet këshillit dhe kryetarit të komunës si organe të veta, realizon miratimin dhe ekzekutimin e buxhetit që duhet të jetë në përputhje me përmbajtjen e buxhetit të miratuar.
Neni 26 i Ligjit për Financimin e Njësive të Vetëqeverisjes Lokale përcakton se mjetet nga buxheti komunal mund të përdoren vetëm për qëllimet dhe shumat e përcaktuara në buxhet.
Në rastin konkret organi kompetent, përkatësisht Këshilli i Komunës, me shumicë votash nga numri i përgjithshëm i anëtarëve në Këshill ka miratuar Vendim për ridedikimin e mjeteve në Buxhet, me çka i ka siguruar mjetet e nevojshme të Buxhetit, ndërsa me vendimin e kontestuar mjetet e njëjta i ka dedikuar për subvencionimin e transportit publik. Konkretisht, është vepruar në përputhje me dispozitat ligjore të cituara paraprakisht në atë që Këshilli i Komunës së Nagoriçit të Vjetër me miratimin e Vendimit për ridedikimin e mjeteve të Buxhetit të Komunës së Nagoriçit të Vjetër për vitin 2023 nr. 08-9/120. (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Nagoriçit të Vjetër” nr. 6/2023) siguroi mjete nga Buxheti, ndërsa me miratimin e Vendimit për subvencionimin e transportit publik të udhëtarëve nga Buxheti i Komunës së Nagoriçit të Vjetër për vitin 2023 për linjën Kumanovë – f. Dejllovcë ka përcaktuar se do ta subvencionojë transportin publik të udhëtarëve për linjën Kumanovë – f. Dejllovcë me mjetet e ridedikuara me vendimin e përmendur më parë, me të cilin ka përcaktuar sasinë e mjeteve të nevojshme për realizimin e tij, periudhën gjatë së cilës do të sigurohen subvencionet dhe nënkryetarin e komunës e ngarkoi për zbatimin e Vendimit si organ i autorizuar për zbatimin e Buxhetit.
Duke marrë parasysh sa më sipër, Gjykata vlerësoi se pretendimi në iniciativë se vendimi i kontestuar është në kundërshtim me nenin 51 paragrafin 1 të Kushtetutës dhe nenin 13 dhe 36 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale është i pabazuar, për arsye se Këshilli i Komunës së Nagoriçit të Vjetër, duke vepruar në përputhje me kompetencat e dhëna në normat e përmendura ligjore, e ka miratuar vendimin e kontestuar. Vendimi parasheh që udhëtarët që do të shfrytëzojnë transportin publik për linjën Kumanovë – f.Dejllovcë do të subvencionohen nga Komuna e Nagoriçit të Vjetër duke konsideruar se është me interes publik të rëndësisë lokale dhe për realizimin e tij është autorizuar zëvendëskryetari i komunës.
Në lidhje me pretendimet në iniciativë se vendimi i kontestuar ofron mundësinë e përdorimit të mjeteve nga buxheti vetëm nga një subjekt privat pa ofruar mundësinë e shpërndarjes së barabartë të mjeteve për të gjitha subjektet e interesuara nga e njëjta zonë dhe pa kushte të përshtatshme për shpërndarje, Gjykata vlerësoi se janë të pabazuara sepse nënkryetari i komunës, i cili sipas nenit 2 të vendimit të kontestuar është përgjegjës për zbatimin e të njëjtit, këtë mund ta bëjë vetëm në përputhje me rregulloret ligjore pozitive.
Përkatësisht, Ligji për Veprimtaritë Komunale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 95/12, 163/13, 42/14, 44/15, 147/15, 31/16 dhe 64/18 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.302/20) rregullon se transporti i udhëtarëve është veprimtari komunale. Transportin e udhëtarëve sipas këtij ligji mund ta kryejnë persona juridikë dhe fizikë të cilët posedojnë leje të lëshuar nga organi kompetent në pajtim me ligjet e veçanta që rregullojnë veprimtaritë e veçanta komunale.
Kushtet dhe mënyra e kryerjes së transportit të udhëtarëve rregullohen me Ligjin për Transportin në Komunikacionin Rrugor („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë“ nr. 68/2004, 127/2006, 114/2009, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/2013, 163/2013, 187/2013, 42/2014, 112/2014, 166/2014, 44/2015, 97/2015, 129/2015, 193/2015, 37/2016, 71/2016, 64/2018, 140/2018, 163/2018 dhe „Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut“ nr. 163/18,257/2019 dhe 67/2022). Sipas nenit 24 të Ligjit për Transportin në Komunikacionin Rrugor, transporti ndërkomunal i udhëtarëve mund të kryhet vetëm nga një transportues që ka licencë për të kryer këtë lloj transporti.
Duke i marrë parasysh dispozitat ligjore të cituara që parashikojnë se cilët transportues mund të kryejnë transport publik të linjës, si dhe nenin 24 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale, sipas të cilit komuna, për ushtrimin e kompetencave të saj, mund të krijojë shërbime publike ose të delegojë kryerjen e detyrave të caktuara me interes publik me rëndësi lokale ndaj personave të tjerë juridikë ose fizikë në bazë të marrëveshjes për kryerjen e shërbimeve me interes publik në përputhje me ligjin, Gjykata ka vlerësuar se Komuna e Nagoriçit të Vjetër përmes nënkryetarit të saj i cili ngarkohet për zbatimin e vendimit të kontestuar, mjetet nga Buxheti të dedikuara për subvencionimin e transportit publik të udhëtarëve për linjën Kumanovë – f. Dejllovcë mund t’ua japë në përdorim vetëm transportuesve që kanë licencë për kryerjen e këtij lloji të transportit, pavarësisht se sa transportues kanë një licencë të tillë, gjegjësisht nëse është një apo më shumë transportues me licencë për të kryer këtë lloj transporti.
Duke marrë parasysh sa më sipër, Gjykata vlerësoi se vendimi i kontestuar nuk është në kundërshtim me nenin 51 paragrafin 1 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenet 13 dhe 36 të Ligjit për Vetëqeverisje Lokale, të cilave u referohet parashtruesi i iniciativës.
IV
Në bazë të lartpërmendurës, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska