Admin
-
Судијата м-р Фатмир Скендер учествуваше на Меѓународна конференција во Будимпешта
Делегација на Уставниот суд предводена од судијата м-р Фатмир Скендер и советникот на Судот м-р Марина Пеливанова-Димовска учествуваа на Меѓународна конференција во Будимпешта, по повод одбележувањето на 35 годишнината од основањето на Уставниот суд на Унгарија. Конференцијата се одржа на 23 јануари во Парламентот на Унгарија, каде што пред присутните се обратија претседателот на Унгарија,…
-
Преглед на оформени предмети во Уставниот суд во втората половина на 2024 година
Во периодот од 1 мај, заклучно со 31 декември 2024 година во Уставниот суд се оформени 108 предмети по претходно поднесени иницијативи и барања од граѓаните. Во овој Преглед, Судот ги објавува оспорените одредби, наводите и подносителите на иницијативите и барањата. 1. У.бр.169/2024 Оспорен акт: Член 2 и 4 од Законот за изменување и дополнување…
-
Дневен ред за 1 седница во 2025 година закажана за 5 февруари
На 5 февруари 2025 година Уставниот суд ќе ја одржи првата седница со почеток во 9:30 часот. За Дневен ред се закажани шест иницијативи за оценување на уставност и законитост, четири барања за заштита на слободите и правата, еден предлог за донесување на конечна одлука. 1. Реферат У.бр.138/2023 Оспорен: Закон за изменување и дополнување на…
-
Пет oформени предмети во периодот од 1 до 17 јануари 2025 година
Во периодот од 1 до 17 јануари 2025 година во Уставниот суд се оформени пет предмети, по поднесени четири иницијативи и едно барање за заштита на слободата и правата на граѓанин. Првата иницијатива е поднесена по електронска пошта и пристигна на 8 јануари. Оспорен акт: Член 10 став 4 од Законот за утврдување на јавен…
-
Од јануари 2025 година граѓаните ќе можат и преку електронска пошта да иницираат постапка пред Уставниот суд
Од 1 јануари 2025 година секое физичко и правно лице, преку електронска пошта (e-mail) ќе може да поднесува иницијативи, барања и предлози до Уставниот суд. Електронското поднесување на поднесоци е овозможено преку интернет страницата на Уставниот суд, односно преку категоријата „Обраќање до Судот”, каде во поткатегоријата „Eлектронско поднесување на поднесоци” се наведени насоки за начинот…
-
-
Годишна прес-конференција на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски денеска одржа прес-конференција на која даде свое осврт за 2024 година, од аспект на работењето на Судот и ја оцени како година на крупни реформи за, но и една од најефикасните години, со оглед на сработените предмети. Во продолжение целосниот говор: Почитувани граѓани, На крајот од 2024 година…
-
Интервју на претседателот Костадиновски за емисијата „Клик плус” на ТВ 21
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски даде интервју за ТВ21, за емисијата „Клик Плус”, кадешто одговори на прашањата поврзани со последните одлуките на Судот, ја објасни постапката и целта на подготвителната седница, одговори на повиците за оставка упатени од политичката партија ДУИ. Претседателот Костадиновски во интервјуто напомена дека веќе е во комуникација со претставници…
-
Одговор за медиумите во врска со јавно објавени информации кои се поврзуваат со Законот за употреба на јазиците
Во однос на медиумскиот интерес за објавени делови, наводно од реферат од Законот за употребата на јазиците и нивната веродостојност, Уставниот суд информира дека поради тајноста на постапувањето по предметот кој е во претходна постапка, нема да ги коментира медиумските објави ниту нивната веродостојност. Уставниот суд апелира на воздржаност од ширење на информации кои може…
-
Одговор за медиумите во врска со јавно искажаните коментари за предметот во кој е оспорен Законот за употреба на јазиците
Судот нема да коментира ничии ставови. Седницата на која ќе се дискутира за Законот за употреба на јазиците е закажана за 11 декември. По завршување на седницата ќе се одржи редовна прес конференција на која ќе биде одговорено на сите ваши прашања.