Соопштение по одржаната 26. седница на Уставниот суд

На 03.12.2025 ја одржа 26. седница со Дневен ред на кој се дискутираше за осум предмети во кои e оспорена уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права и го одлучи следното:

1.Реферат У.бр.5/2023

Предлогот на судијата-известител не го доби потребното мнозинство, следствено на ова предметот останува да се гласа на некоја од наредните седници.

Oспорен акт: Член 6 став 2, член 37 став 2, член 111 ставови 4 и 5, член 123 став 1, член 138 став 3 и член 139 став 2, сите во делот „напишани на  македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот кој го  зборуваат најмалку 20% од граѓаните на територијата на Република  Северна Македонија и неговото писмо, што не ја исклучува можноста  од истовремена употреба и на други јазици, како и на знаци или пиктограми што се лесно разбирливи за потрошувачот” од Законот за  заштита на потрошувачите („Службен весник на Република Северна  Македонија“ бр.236/2022).

Подносител на иницијативата: Валентин Пепељугоски и други

2. Реферат У.бр.26/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 59 од Законот за прекршоците („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019 и  253/2023) и не поведе постапка за оценување на уставноста на делот „не” од членот 63 став 3 од Законот за прекршоците. („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019 и  253/2023).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

3.Реферат У.бр.33/2025

Судот ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 4 став 7 во делот „буџетскиот корисник од прва линија“ и член 7 став 3 во деловите „втора линија буџетски корисници“ и „буџетскиот  корисник од прва линија“ од Законот за трансформација во редовен  работен однос („Службен весник на Република Македонија” бр.20/2015, 44/2015 и 44/2015 и „Службен весник на Република  Северна Македонија“ бр.3/2025).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

4. Реферат У.бр.82/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 145 став 1 во делот „и тоа од денот кога до тој работодавец е доставен налогог за извршување“ од Законот за извршување  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/2016, 142/2016 и  233/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 14/2020 и 154/2023).

Подносител на иницијативата: Илко Петров

5. Реферат У.бр.145/2024

Судот поведе постапка за оценување на законитоста и уставноста на делот „како извршна исправа“ во став 2 од Заклучокот за  утврдување на трошоците за извршување, на Образец бр.21, уреден со член 2 од Правилникот за формата на налозите, заклучоците, записниците, барањата, службените белешки, потврдите и другите акти кои ги изготвува извршителот при  преземањето на извршните дејствија („Службен весник на  Република  Северна Македонија“ бр. 88/2019 и 90/2024).

Подносител: Оливер Давидовски

6. Реферат УЗ.бр.20/2025

Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 114 став 1 точки 4 и 7 од Колективниот договор на  Министерството за одбрана („Службен весник на Република Северна  Македонија“ бр.36/2024).

Подносител на иницијативата: Мултиетнички синдикат претставуван преку претседател Александар Насковски

7. Реферат УЗ.бр.40/2025

Предметот беше повлечен од Дневен ред поради утврдување на дополнителни околности.

8.Реферат У.бр.37/2021

Судот не поведе постапка за оценување на член 7 став 5 и член 8 став 3 и став 8 алинеја 1 од Тарифата на  премии за осигурување на сопственици на моторни возила од  одговорност за штети предизвикани на трети лица („Службен весник  на Република Македонија“ бр.191/2018 и „Службен весник на  Република Северна Македонија“ бр. 99/2024).

Подносител на иницијативата: Горан Трпковски, претседател на Асоцијацијата на работодавачите на трговските друштва за превоз на патници на Република Македонија Исток од Скопје, поддржан од уште 18 други превозници.

II. БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА

1. БЗСП бр.14/2025

Судот го отфрли барањето на Александар Наумоски од Скопје за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, што се однесува за заштита од дискриминација по основ на политичка припадност. Судот оцени дека не се исцрпени сите редовни и вонредни правни средства за заштита, поради што се исполнети условите за отфрлање на барањето, согласно член 38 алинеја 3 од Актот на Уставниот суд.