Admin
-
Јавен оглас број 2/2024
Врз основа на членовите 7 и 8 од Правилникот за вработување и унапредување во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна Македонија Су.бр.46/21 од 20 јануари 2021 година, Су.бр.70/22 од 24 јануари 2022 година и Су.бр.149/23 од 26 јануари 2023 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија, објавува …
-

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски упати честитка по повод 2 Aвгуст Илинден-Денот на Републиката
По повод одбележувањето на денот на Републиката 2 август Илинден најсветлиот датум за македонските граѓани, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија д-р Дарко Костадиновски во свое лично име и во име на Судот ја упатува следната честитка: Почитувани сограѓани, Денес, 121 година од Илинденското востание и 80 години од првото заседание на АСНОМ,…
-
Дневен ред за 24. седница закажана за 18 септември 2024 година
На 18 септември 2024 година (среда) во 9:30 часот, Уставниот суд ќе ја одржи 24. Седница со дневен ред за кој се предвидени пет иницијативи за оценување на уставност и законитост, шест предлози за одлучување со нацрт одлуки(предмети за кои веќе е исцрпена дискусијата) и нацрт-решенија за осум предмети. 1. Реферат У.бр.90/2024 Оспорени: Член 19…
-
Дневен ред за 23. седница закажана за 12 септември 2024 година
Уставниот суд ќе ја одржи 23. седница со дневен ред за кој се предвидени осум иницијативи за оценување на уставност и законитост и шест предлози за одлучување со нацрт-одлуки. 1. Реферат У.бр.138/2023 Оспорен акт: Закон за изменување и дополнување на законот за урбанистичко планирање Подносител на инцијативата: Хелсиншки комитет за човекови права претставуван од Уранија…
-

Претседателот на Уставниот суд д-р Костадиновски оствари работна средба со проф. д-р Акан Сувер
Претседателот на Уставниот суд д-р. Дарко Костадиновски оствари работна средба со проф. д-р Акан Сувер, претседател на фондацијата „Мармара” и основач на Евроазискиот економски самит. Во фокусот на средбата беа разменети мислења за севкупната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Туркије. Сувер му го честиташе мандатот на претседателот Костадиновски и му посака успех во…
-

Работна средба на претседателот на Уставниот суд д-р Костадиновски и амбасадорот на Република Полска Кшиштоф Гжелчик
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски го прими на проштална средба амбасадорот на Република Полска во земјава Н.Е. Кшиштоф Гжелчик. На средбата присуствуваше и почесниот конзул на Република Полска во Република Северна Македонија, Коста Костовски. Претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот за приоритите во неговиот мандат кои ќе се спроведат преку неколку активности и програми, како…
-
Павловска-Данева: Колективната одговорност преку распуштање на цели органи и тела без утврдување на конкретни грешки е лош преседан
Судијката на Уставниот суд проф.д-р Ана Павловска Данева во интервју за порталот Фактор.мк зборуваше за повеќе теми поврзани со актуелни прашања во јавноста и одлуки и ставови на Уставниот суд. За најавите за распуштање на правосудни тела Данева посочи дека треба да се бара индивидуална одговорност, но не и колективно распуштање. „Што значи „длабок рез“…
-

Работна средба на претседателот на Уставниот суд Костадиновски со амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски и судиите м-р Татјана Васиќ Бозаџиева и проф. д-р Ана Павловска Данева остварија работна средба со амбасадорот на ЕУ Н.Е. Дејвид Гир и неговите соработници. Амбасадорот потенцираше дека ја препознава улогата на Уставниот суд како клучна во обезбедување на рамнотежа над трите гранки на власта во уставниот поредок…
-
Средба Костадиновски-Манке: Зајакнување на капацитетите на Уставен суд со поддршка од ИПА 3 инструментот
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски и судиите проф.д-р Ана Павловска-Данева, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева денеска одржаа работна средба со Карстен Манке, тим лидер и негови колеги- експерти ангажирани за спроведување на ИПА 3 проектот кој ќе се применува со цел унапредување на капацитетите на Судот. Претседателот Костадиновски ги информираше претставниците од експертската група за…
-
Одговор на Уставниот суд во врска со реакцијата на Здружението на судии за отфрлената иницијатива за платите на судиите
По прашања од повеќе медиуми кои се однесуваат на Решението за отфрлање на иницијативата за платите на судиите, Уставниот суд го дава следниот одговор: Судот како заштитник на слободата на мислата и на јавното изразување на мислата, ги поддржува размислувањата и дебатите во јавноста и особено се добредојдени сите реакции кои содржат издржана правна квалификација. …