Распишан ЈАВЕН ОГЛАС за избор на кандидати за судија на Република Северна Македонија во Европскиот суд за човекови права

Напомена: Уставниот суд учествува во процесот на селекција на кандитатите преку свој претставник во Комисијата за избор на кандидати за судија во ЕСЧП, судијата проф.д-р Осман Кадриу.

Врз основана Одлуката за основање на Комисија за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права бр. 50-2529/5 од 25 март 2025 година(“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 67/25 и 72/25),  а во врска со член 22 од Протоколот број 11 кон Конвенцијата за заштита на правата на човекот и основните слободи, со кој се менува механизмот за контрола утврден со Конвенцијата за човекови права, Комисијата за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права, oбјавува

ЈАВЕН ОГЛАС

за избор на кандидати за судија на Република Северна Македонија во Европскиот суд за човекови права

Комисијата за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права ќе врши избор на тројца кандидати за судија на Република Северна Македонија во Европскиот суд за човекови права.

Kандидатите мора да ги исполнуваат минимум следните услови:

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • Да уживаат висок морален углед;
  • Да ги исполнуваат условите неопходни за вршење на високи судски функции или да бидат правни стручњаци со призната компетентност (минимум 12 годишно искуство во соодветната професија);
  • Да бидат помлади од 65 години;
  • Да имаат искуство во областа на човековите права;
  • Активно (ниво Ц) да го владеат едниот а пасивно (ниво А) другиот службен јазик на Совет на Европа (англиски и француски);

Со цел докажување на горенаведените услови, кандидатите се должни да ги достават следните документи:

  • Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
  • Соодветно пополнет curriculum vitae чиј образец е објавен на веб-страните на Министерство за надворешни работи и надворешна трговија: www.mfa.gov.mk, Министерство за правда: www.pravda.gov.mk, Врховниот суд на Република Северна Македонија: http://www.vsrm.mk/wps/portal/vsrm/sud/, Уставниот суд на Република Северна Македонија: www.ustavensud.mk, Совет на Јавни Обвинители на Република Северна Македонија: www.sjorm.gov.mk и Судскиот совет на Република Северна Македонија: http://www.vsrm.mk/wps/portal/ssrm/sud/oglasi/ (кандидатите се должни да го пополнат образецот на македонски јазик и на еден од двата странски јазици -англиски или француски );
  • Мотивационо писмо на македонски јазик и на еден од двата странски јазици (англиски или француски);
  • Референци од соодветни здруженија, комори и други стручни академски тела од соодветната струка на која професионално припаѓаат (во зависност дали се работи за кандидат со искуство како судија, јавен обвинител, адвокат, професор и сл.), а со што ќе се утврдува исполнетоста на условот „висок морален углед“;
  • сертификат за познавање на странските јазици (англиски и француски) минимум ниво Ц за јазикот кој активно го владеат и минимум ниво А за јазикот кој пасивно го владеат.

Рок за пријавување на заинтересираните кандидати: 15 дена од денот на објавувањето на овој Oглас во Службен весник на Република Северна Македонија.

Заинтересираните кандидати се должни да ги достават потребните документи во архивата на МИНИСТЕРСТВОТО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ и НАДВОРЕШНА ТРГОВИЈА, на следната адреса: Булевар “Филип Втори Македонски“ бр. 7, 1000 Скопје (со назнака „за оглас за избор кандидати за судија на Република Северна Македонија во Европскиот суд за човекови права“), или електронски, на следната електронска адреса: konkurs.ECHR@mfa.gov.mk.

По истекот на рокот за пријавување на заинтересираните кандидати, Комисијата за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права ќе изврши првична селекција. Ненавремените и нецелосните апликации нема да се земат во предвид. Само кандидатите кои што ќе ја поминат првичната селекција ќе бидат повикани на интервју.