Уставниот суд денеска ја одржа 7. седница со Дневен ред на кој се дискутираше по осум иницијативи за оценување на уставност/законитост, едно барање за заштита на слободи и права и по еден предмет е донесена конечна одлука.
1. У.бр.91/2024
Не се поведува постапка за Закон за преземање на административни службеници вработени преку К-5 програма во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
Подносител: Државна комисија за спречување на корупцијата
2. У.бр.153/2024
Не се поведува постапка за член 69 став 1 и член 70-а став 3 од Законот за шумите
Подносител: Државен инспекторат за шумарство и ловство
3. У.бр.191/2024
Не се поведува постапка за делот „начинот” од член 9 став 6 од Законот за приватизација на државниот капитал.
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
4. У.бр.207/2024
Се отфрла иницијативата за оценување на член 107 став 2 од Законот за електронските комуникации, член 13 од Правилник за видот и содржината на податоците и информациите за општите услови во однос на пристапот и користењето на јавните комуникациски услуги кои ги објавуваат операторите и за видот и содржината на податоците што ќе ги објавува Агенцијата за електронски комуникации.
Подносител на иницијативата: Адвокат Александра Илиевска- Милчова
5. У.бр.253/2024
Се отфрла постапката за оценување на член 72 став 1 во делот “само судијата, односно претседателот на судот за кого е поведена постапката за утврдување на одговорност” од Законот за Судскиот совет на РепубликаСеверна Македонија „Службен весник на Република Северна Македонија бр. 102/2019″ од 22.05.2019 година.
Подносител на иницијативата: Александра Илиева-Милчова, адвокатка
6. У.бр.197/2024
Се поведува постапка за оценување на член 47 од Правилникот за распределба на прибрани авторски надоместоци „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.135/2024). Судот по сопствена иницијатива го прошири оценувањето и поведе постапка и за членот 48 од истиот Правилник.
За членот 46 став од Правилникот одлучено е да се отфрли иницијативата.
Подносител на иницијативата: Славко Димитров
7. У.бр.202/2024
Се отфрла иницијативата за оценување на Годишна наредба за здравствена заштита на животните во 2024 донесена од Агенцијата за храна и ветеринарство, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.59 од 12 март 2024 година и не се поведува постапка оценување на Годишната наредба за здравствена заштита на животните, објавена во Службен весник на Република Северна Македонија бр. 54/2025 од 11.03.2025 година.
Подносител на иницијативата: Граѓанска асоцијација за унапредување на инклузивноста во градовите и градските простори „Хумани градови”, преку полномошник Милка Докузова
8. У.бр.245/2024
Се отфрла иницијативата за оценување на Oдлука на Совет на Општина Битола за недавање на согласност на годишниот план за вработување во адмиинстрацијата на Општина Битола за 2025 година од 20.09.2024 година и Одлука на Совет на Општина Битола за потврдување на донесената Одлука за недонесување на годишниот план за вработување во администрацијата на Општина Битола за 2025 година од 10.10.2024 година.
Подносител на иницијативата:Тони Коњановски, градоначалник на Општина Битола
II- БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА
Се одбива Барањето на подносителот Димитар Апасиев. Поради интерес на јавноста, Судот за овој предмет објави посебно соопштение, кое ги содржи дел од аргументите во Одлуката.
III- ПРЕДЛОГ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКА
Се укинува Одлуката за применување на Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање во постапка за спроведување на ДУП кои не се повеќе во важност на територијата на Општина Ѓорче Петров, донесена од страна на Советот на Општина Ѓорче Петров бр.08-649/4 од 27.02.2018.
Подносител на иницијативата: Сања Маринковиќ преку полномошник Александар Марковиќ, адвокат од Скопје