-
Средба Дрекслер-Кацарска: „Вашата сила и посветеност ќе останат инспирација за многумина!”
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија Н.Е. Петра Дрекслер, по повод завршувањето на мандатот како и неколкугодишната успешна соработка. На средбата беше истакнато заедничкото задоволство од спроведените проекти и активности во Уставниот суд со поддршка на Сојузна Република Германија. Амбасадорката Петра Дрекслер изрази искрена лична благодарност…
-
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска учествува на 19. Конгрес на Конференција на европски уставни судови во Молдавија
Претседателката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Добрила Кацарска, учествуваше на 19. Конгрес на Конференцијата на европските уставни судови (CECC) кој оваа година се одржа во Кишињев, Република Молдавија. Во рамките на Конгресот, се одржаа три пленарни сесии со фокус на односот помеѓу уставните и меѓународните судови, политиката и правото во корелација со надлежностите…
-
Соопштение по одржаната 17. седница на Уставниот суд
По одржаната 17. Седница со дневен ред на којшто се дискутираше по 6 предмети за оценување на уставност и законитост и по три предлози за одлучување, Судот одлучи: 1. Реферат У.бр.75/2022 Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 6 став 3 и член 16 став 1 од Законот за даноците на имот („Службен…
-
Судот не поведе постапка за законските измени за Законот за плати на судиите и за платите на членовите на Судскиот совет
Уставниот суд денеска одлучи да не поведе постапка за да ги оценува законските измени на Законот за плати на судиите и Законот за платите на членовите на Судскиот совет. За Уставниот суд неприфатливи се наводите на Судскиот совет и Здружението на судии со кои се тврди дека се загрозува независноста и самостојноста на судството. Според…
-
Соопштение по одржаната 16. седница на Уставниот суд
По одржаната 16. Седница со дневен ред на којшто се дискутираше по 12 предмети за оценување на уставност и законитост, Судот одлучи: Реферат У.бр.136/2024 и У.бр.138/2024 Уставниот суд ги отфрли иницијативите за поведување постапка за оценување на уставноста на член 45 став 13, во делот „35“ од Законот за Академија за судии и јавни обвинители.…
-
Соопштение по 15. седница на Уставниот суд
Уставниот суд ја одржа 15 седница на 2 мај 2024 година и одлучи: Реферат У.бр.206/2023 Сe поведува постапка за оценување на уставноста на член 88 ставови 8 и 9 од Законот за дивечот и ловството. Подносител на иницијативата: Игорчо Точев 2. Реферат У.бр.136/2024 и У.бр.138/2024 Оспорен: Член 45 став 13 во делот „35“ од Законот…
-
(ГАЛЕРИЈА)Повеќе од половина од вработените се пријавија за дарување на крв по повод „60 години Уставен суд”
Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв во денешната акција што сами ја организираа по повод шестдеценискиот јубилеј. Пријавени над 30 дарители од Уставниот суд, меѓу кои и судии и советници од стручната служба. Преку оваа крводарителска акција Уставниот суд изразува солидарност и хуманост и истовремено се придружува на апелите на…
-
Крводарителска акција во Уставниот суд по повод 60 години од своето постоење
Под мотото „Биди хуман- спаси живот” Уставниот суд организира крводарителска акција на 30 април во периодот од 9 до 14 часот во просториите на Судот. Акцијата за дарување на крв се реализира во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија, на иницијатива на Уставниот суд, по повод 60 години од своето постоење. Организирањето на…
-
Соопштение по одржаната 14. седница на Уставниот суд
Уставниот суд ја одржа 14. седница со дневен ред на кој се дискутираше по девет предмети за оценување на уставност и законитост и четири предлози за донесување на конечни одлуки. Реферат У.бр.32/2023 Судот одлучи да не поведува постапка за оценување на уставноста на член 213 став 2 од Законот за вонпарнична постапка. Подносител на иницијативата:…
-
Преглед на работата на Уставниот суд на Република Северна Македонија за 2023 година
Преземи овде (pdf.) [pdf-embedder url=”http://ustavensud.mk/wp-content/uploads/2024/04/Pregled-2023.pdf” title=”Pregled – 2023″]
-
Соопштение по одржаната 13. седница на Уставниот суд
На одржаната 13. седница на Уставниот суд на ден 17.04.2024 година се дискутираше по 11 (единаесет) предмети по поднесени иницијативи за оценување на уставност и законитост и по еден предлог за одлучување со нацрт-одлука. Судот го одлучи следното: 1. Реферат У.бр.50/2023 Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 став 1…
-
Запрена постапката за оценување на уставност на членот 230 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Уставниот суд ја запре постапката за оценување на уставност на членот 230 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, што значи дека нема да се преиспитува уставноста на одредбата со која се утврдува највисоката пензија. Судот утврди дека поведувањето на постапката на 11 мај 2021 година било засновано врз погрешна фактичка состојба и одлучи дека…