По одржување на 20. Седница на 24 септември 2025 година, Уставниот суд ги донесе следните одлуки и решенија:
1. Реферат У.бр.185/2024
Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 46 ставови 1 и 11 во делот „Управата за ветеринарство“ од Законот за ветеринарно-медицински препарати („Службен весник на Република Македонија“ бр.42/2010, 136/2011, 149/2015, 53/2016 и 241/2018).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
2. Реферат У.бр.269/2024
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 3 став 1 алинеја 4 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/2019).
Подносител на иницијативата: Манчо Манчев
3. Реферат У.бр.34/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 599 став 1 точка 6 од Законот за трговските друштва („Службен весник на Република Македонија“ бр.28/2004, 84/2005, 71/2006, 25/2007, 87/2008, 17/2009, 23/2009, 42/2010, 48/2010, 8/2011, 21/2011, 24/2011, 166/2012, 70/2013, 119/2013, 120/2013, 187/2013, 38/2014, 41/2014, 138/2014, 88/2015, 192/2015, 217/2015, 6/2016, 30/2016, 61/2016, 64/2018, 120/2018, 195/2018 и 239/2018 и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 79/2020, 123/2020, 290/2020, 215/2021, 99/2022 и 272/2024) и член 44 став 2, член 45 став 1, член 46 и член 47 од Законот за прекршоците („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019 и 252/2023).
Подносител на иницијативата: Влатко Атанасоски
4. Реферат УЗ.бр.3/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 55 став 2 од Правилата за тргување на Македонска берза на хартии од вредност АД Скопје
Подносител на иницијативата: Мишо Василевски
5.Реферат У.бр.143/2023
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на членовите 1 и 3 од Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надомест за приватизација на градежно земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.81/2022) и Уредба за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.168/2022 и ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 2 од Уредба за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надомест за приватизација на градежно земјиште („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.81/2022).
Подносител на иницијатвата: ТД Интерпрогрес доо Скопје застапувано од адвокат Илија Чилиманов
6.Реферат У.бр.119/2024
Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување изменување и дополнување на Детален урбанистички план Тасино Чешмиче 1, Општина Центар-Скопје бр. 07-4414/6 од 18 јули 2014 година („Службен гласник на Општина Центар – Скопје“ бр.9 од 19.08.2014 година) и тоа само по однос на сегашната Градска четврт Ј 05- Локалитет Барутана, која го опфаќа само блок 9 и
Ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување изменување и дополнување на Детален урбанистички план Тасино Чешмиче 1, Општина Центар-Скопје бр. 07-4414/6 од 18 јули 2014 година („Службен гласник на Општина Центар – Скопје“ бр.9 од 19.08.2014 година“) и тоа по однос на блоковите (Б1-Б8) од Градската четврт Ј06.
Подносител: Ѓорѓи Радојков
7.Реферат УЗ.бр.4/2025
Поради недобиено мнозинство гласови при одлучувањето, предмет ќе биде ставен на дневен ред во една од наредните седници.
Оспорен акт: Одлука за одредување височина на нулта плоча за градби кај терени во пад во Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар Скопје“ бр.1/2024).
Подносител на иницијативата: Ѓорѓи Радојков
8.Реферат УЗ.бр.47/2025, УЗ бр.48/2025 и УЗ.бр.59/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за утврдување на бројот на членовите на советите на општините во Република Северна Македонија, донесена од Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 24.09.2024 година, бр.41-841/7 од 24.09.2024 година, објавена на 26.09.2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.199/2024).
Подносители на иницијативите: Скендер Реџепи, Ќенан Алија, Блерим Беџети, координатор на пратеничката група „Европски фронт” и Сали Мурати, пратеник на пратеничката група „Европски фронт”
9.Реферат УЗ.бр.56/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 11 во делот „и притоа за поддршка на истата на пропишан образец да бидат потпишани најмалку два избирачи“, член 12, член 20 став 1 алинеја 1 и член 22 став 9 од Упатството за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи за локални избори 2025 бр.08-1701/1 од 17.08.2025 година.
Подносител на иницијативата: Светски македонски конгрес
10.Реферат У.бр.160/2024
Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 9 во делот „Толкување и“ од Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2017 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 189/2019, 262/2019, 75/2020 и 41/2023) и
ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Автентично толкување на Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 111/2015)
Подносител: Оливер Давидовски од Скопје
11.Реферат УЗ.бр.27/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 4 став 1 дел в. Неметалични минерални суровини точка 6., став 3 и став 6 од Тарифникот за утврдување на висината на надоместоците за издавање на дозволи и концесии за вршење детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минералните суровини („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.268/2024).
Подносител на иницијативата: Aкционерско друштво за производство, преработка, трговија и монтажа на украсен камен МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД ПРИЛЕП, застапувано преку адвокатско друштво Георги Димитров
II. БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА
Судот утврди повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата на Наташа Стојановска сторена со Пресудата 3 П4-240/22 од 15.06.2022 година на Основен граѓански суд Скопје и Пресудата ГЖ-3340/22 од 19.12.2024 на Апелационен суд Скопје.
*По завршувањето на седницата, претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судијата Добрила Кацарска одржаа прес-конференција за три предмети од интерес на јавноста. https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/1906685350278636
Повеќе информации од наводите во иницијативите https://ustavensud.mk/archives/35744