Уставниот суд се модернизира- се воведува комплетна дигитализација со нова опрема

Уставниот суд на Република Северна Македонија започнува процес на комплетна дигитализација. 

Со значајна поддршка во вид на донација од Турската агенција за соработка  и координација ТИКА, Судот добива современи технолошки решенија кои ќе ја зголемат ефикасноста, транспарентноста и отвореноста кон јавноста. Техничкото решение и целосната имплементација на инфраструктурата е на Македонски Телеком. 

Новите системи овозможуваат:

  • Хибридни состаноци со интегрирана аудио и видео конференциска опрема – дел од учесниците присутни во сала, а дел онлајн.
    ● Симултан превод за сите учесници, со можност преведувачите да бидат во сала или да работат од далечина.
    ● Безбедна cloud организија со повеќекратна автентикација, интерна комуникација и голем број на алатки кои покрај online состаноци овозможува и чет, аудио и видео повици, заеднички проекти и колаборација. Целосна контрола на пристап.
    ● Споделување на аудио видео содржини со сите учесници.
    ● Снимање и архивирање на сите седници и комуникации, автоматски транскрипти.
    Можност за „video stream” на различни социјални мрежи и сервери.
    ● Електронско гласање со целосна архива и аналитика на гласањето.

Судот и турската Агенција бележат долгогодишна соработка изразена преку поддршка во техничка опрема за Уставниот суд, како што е донацијата на компјутери и печатачи во февруари минатата година.

Проектот за дигитализација во Уставниот суд ќе биде промовиран во понеделник (29.09.2025) во рамки на билатералната средба со делегација на уставни судии од Република Турција.