На 17 септември 2025 година во 9:30 часот Уставниот суд ја одржа 19. седница и го одлучи следното:
ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ
1. Реферат У.бр.133/2024
Судот ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 17 од Законот за државното правобранителство („Службен весник на Република Македонија“ бр.87/2007 и 104/2015 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.53/2024).
Подносител: Гордана Аџи-Спирковска
2. Реферат У.бр.157/2024
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 40 став 1 алинеја 9 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016, 142/2016 и 233/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.14/2020 и 154/2023).
Подносител: Оливер Давидовски од Скопје
3. Реферат У.бр.169/2024
Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 154/2023).
Подносител: Доне Лазаревски
4.Реферат У.бр.177/2024
Поради недобиено мнозинство гласови при одлучувањето, овој предмет ќе биде ставен на Дневен ред на една од наредните седници.
Оспорен акт: Терминот „привремен“ во насловот и во целиот текст на Законот за таксата за привремен престој („Службен весник на Република Македонија“ бр.19/1996, 26/2002, 51/2003, 88/2008, 17/2011, 192/2015 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/2020).
Подносител на иницијативата: Славко Лазовски
5.У.бр.28/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 77 став 4 во делот „целост“ од Законот за акцизите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.108/2019, 143/2019, 225/2019, 275/2019, 77/2021, 57/2022, 209/2023 и 265/2024) .
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
6. Реферат У.бр.82/2023
Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 2 став 2 алинеја 6 од Правилникот за доставување и регистрирање на колективните договори и нивните измени до надлежниот државен орган и начинот на водење на евиденција на доставените колективни договори и нивните измени („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.223/2022).
Подносител на иницијативата: Проф. д-р Ангел Ристов претседател на Синдикат на Сојузот на синдикати на вработените на Унервизитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје
7.Реферат УЗ.бр.17/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 2 став 1 од Правилникот за проценка на средствата на задолжителните и доброволните пензиски фондови („Службен весник на Република Македонија“ бр.138/2008, 55/2013, 218/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.41/2019, 250/2019, 103/2024 и 51/2025).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
8.Реферат УЗ.бр.18/2025
Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Решението УП бр.03-3232/26 од 22.01.1980 година донесено од Секретаријатот за комунални работи, урбанизам и имотно-правни односи на Собранието на Општина Охрид.
9.Реферат УЗ.бр. 57/2025 и УЗ.бр.58/2025
Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за регулирање на постапката за собирање на потписи за поддршка на кандидатските листи поднесени од група избирачи и начинот на определување на нотарите, за локалните избори 2025 година бр.08-1708/1 од 17.08.2025 година донесен од Државната изборна комисија
Подносители: Здружението „Светски македонски конгрес” од Скопје застапувано од претседателот Тодор Петров и Стевче Стојанов
Подносител на иницијативата: Санде Пејоски
II. БАРАЊЕ ЗА ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ НА УСТАВНИОТ СУД
1. УЗ.бр.21/2025
Судот го отфрли барањето за преиспитување на Решението на Уставен суд У.бр.197/2024 од 9 април 2024 година објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 90/2025.
Подносител иницијативата: Славко Димитров
III.ПРЕДЛОГ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКА:
У.бр. 148/2023
Судот го укина Правилникот за начинот и постапката за следење на функционирањето на пазарите на енергија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/2023).
Подносител на иницијативата: Кренар Лога