Соопштенија


  • Регионална тркалезна маса во Дубровник

    Делегација на Уставниот суд на Република Македонија составена од претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и судиите на Уставниот суд Лилјана Ингилизова Ристова и Игор Спировски од 23 до 26 октомври 2008 година ќе престојува во Дубровник на регионална тркалезна маса на уставните судови од просторите на поранешна Југославија што се…

    ,
  • Избрани нови судии

    Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 7 октомври 2008 година, за судии на Уставниот суд на Република Македонија ги избра д-р Гзиме Старова и д-р Наташа Габер-Дамјановска.

  • Известување за одржување на подготвителна седница

    Уставниот суд на Република Македонија ќе одржи подготвителна седница на 9 октомври 2008 година со почеток во 10,00 часот, по предметот У.бр.200/2007 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 3 став 1 точка 3 од Законот за експропријација („Службен весник на Република Македонија“ бр. 33/1995, 20/1998, 40/1999 и 31/2003) и член 1…

  • Средба со претставници на Фондацијата Конрад Аденауер

    На 12 септември 2008 година, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски оствари средба со г-ѓа Стефани Рикарда Рос, раководител на Програмата за владеење на правото на Фондацијата Конрад Аденауер и г-дин Анри Боне, директор на канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје. Цел на посетата беше запознавање со проектот за преведување…

    ,
  • Избран нов судија

    Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 31 јули 2008 година, за судија на Уставниот суд на Република Македонија го избра дипломираниот правник од Скопје Исмаил Дарлишта.

  • Учество на XIV Конгрес на Конференцијата на Европските уставни судови

    Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од Претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски од 2 до 7 јуни 2008 година учествуваше на XIV-тиот Конгрес на Конференцијата на Европските уставни судови што се одржа во Вилниус-Литванија. Тема на Конгресот беше „Проблемите на законодавниот пропуст во уставно-судската практика“ во рамките на која се дискутираше за…

    ,
  • Учество на Конгрес во Вилнус-Литванија

    Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од Претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски ќе присуствува на XIV Конгрес на Конференцијата на европските уставни судови што ќе се одржи од 2 -7 јуни 2008 година во Вилнус-Литванија. Тема на Конгресот ќе биде „Проблемите на законодавниот пропуст во уставно-судската практика“.

    ,
  • Уставниот суд на Црна Гора во посета на Уставниот суд на Република Македонија

    Од 7 до 10 мај 2008 година Уставниот суд на Црна Гора во полн состав (претседателот на Судот д-р Милан Марковиќ и пет судии) престојуваше во посета на Уставниот суд на Република Македонија. Оваа посета беше прва официјална билатерална средба на уставните судови на двете земји по нивното осамостојување. За време на посетата беше остварена…

    ,
  • Посета на судиите на Уставниот суд на Црна Гора

    На 09.05.2008 година, во 10 часот, во посета на Уставниот суд на Република Македонија ќе престојуваат судиите на Уставниот суд на Црна Гора во полн состав, во функција на размена на искуства. Во текот на денот, судиите на Уставниот суд на Црна Гора ќе бидат примени од Претседателот на Република Македонија.

    ,
  • Известување за одржување на подготвителна седница

    Уставниот суд на Република Македонија ќе одржи подготвителна седница на 22 април 2008 година со почеток во 10,00 часот, по предметот У.бр.101/2007 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 2 став 1 и член 24-б од Законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.51/2007),…

  • Учество на Конгрес во Регенсбург

    Судијата на Уставниот суд на Република Македонија г-дин Игор Спировски од 11 до 13 февруари 2008 година ќе престојува во Регенсбург, Германија каде што ќе учествува на Конгресот за уставните промени во Југоисточна Европа. Конгресот се одржува во организација на Германската фондација за меѓународна правна соработка и Универезитетот во Регенсбург. На Конгресот учествуваат универзитетски професори и…

    ,
  • Прес-конференција за работата на Судот во 2007 година.

    На 14 февруари 2008 година (четврток) во 11,00 часот во салата за седници на Уставниот суд на Република Македонија ќе се одржи прес-конференција за работата на Судот во 2007 година. Работата на Судот во 2007 година ќе биде презентирана преку бројчани податоци и преку посебно значајни теми. Ве покануваме да присуствувате и активно да учествувате на…