Уставниот суд денеска ја одржа деветнаесеттата седница за 2022 година на која присуствуваа сите пет судии. По расправа за предметите од денешниот дневен ред Судот одлучи да:
1.Реферат У.бр.110/2021– не поведе постапка за членот 59-б став 1 од Законот за средното образование
Подносител на иницијативата: Mустафа Салиу
2.Реферат У.бр.1/20202- предметот се одложи за некоја наредните седници, после изборот на нови судии
Подносител: Павле Трајанов
3.Реферат У.бр128/2021– ја отфрли иницијативата за оценување на членот 16 став 1 од Законот за даноците на имот
Подносител на иницијативата: Санде Пејоски