-
Известување за одржување на јавна расправа
Уставниот суд на Република Македонија на 03 мај 2018 година, со почеток во 10,00 часот (четврток) ќе одржи јавна расправа по предметот У.бр.116/2017 што се однесува на Барање за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, кои се однесуваат на повреда на слободата на мислата и јавното…
-
Известување
Ве известуваме дека закажаната 27-ма седница на Уставниот суд закажана за 30 ноември 2016 година (среда) се одложува за 01 декември 2016 година (четврток) поради тоа што 30 ноември 2016 година е прогласен за неработен ден на кој ќе се спроведе акцијата „Ден на дрвото“.
-
Избран нов претседател на Уставниот суд на Република Македонија
Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 109 став 3 од Уставот на Република Македонија и член 7 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија на седницата одржана на 17 октомври 2016 година, го избра судијата НИКОЛА ИВАНОВСКИ за претседател на Уставниот суд на Република Македонија сметано од 1 ноември…
-
ЈАВЕН ОГЛАС за избор на кандидати на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права;Обрасци за биографија
ЈАВЕН ОГЛАС за избор на кандидати на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права; Обрасци за биографија Врз основа на Одлуката за основање на Комисија за избор на кандидати на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права бр. 42-1963/1 од 23.02.2016, а во врска со член 22 од Европската…
-
Известување за одржување на јавна расправа
Уставниот суд на Република Македонија на 26 ноември 2015 година, со почеток во 11,00 часот ќе одржи јавна расправа по предметот У.бр.165/2014 за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, што се однесуваат на заштита од дискриминација по основ на политичка припадност. Јавната расправа ќе се одржи…
-
Годишна прес-конференција, посветена на работата на Уставниот суд на Република Македонија во текот на 2014 година.
Годишна прес-конференција, посветена на работата на Уставниот суд на Република Македонија во текот на 2014 година. До СРЕДСТВАТА ЗА ЈАВНО ИНФОРМИРАЊЕ С О О П Ш Т Е Н И Е Ве известуваме дека годишната прес – конференција посветена на работата на Уставниот суд на Република Македонија во текот на 2014 година, ќе се одржи…
-
Втор регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа
Втор регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија г-ѓа Елена Гошева и судијата на Уставниот суд г-ѓа Вангелина Маркудова учествуваа на Вториот регионален форум за владеењето на правото во Југоисточна Европа што се одржа на 6 и 7 март 2015 година во Белград, во организација на…
-
Меѓународна Конференција по повод 50 години од основањето и функционирањето на Уставниот суд на Република Македонија
По повод 50-годишнината на уставното судство во Република Македонија, Уставниот суд на Република Македонија на 19 септември 2014 година организира Меѓународна Конференција на тема: „Современите предизвици на уставното судство„ : 1. Принципот на поделба на власта и неговата заштита од страна на Уставниот суд. 2. Оценка на уставноста и законитоста на подзаконските акти. Во периодот…
-
XVI Конгрес на Конференцијата на европските уставни судови
Во организација на Уставниот суд на Република Австрија, од 12 до 14 мај 2014 година во Виена се одржа XVI Конгрес на конференцијата на европските уставни судови. Тема на Конгресот беше „Соработка на уставните судови во Европа – Постојна состојба и перспективи“. Во рамките на темата беа одржани четири сесии на кои се расправаше за следниве под-теми:…
-
Годишна прес-конференција, посветена на работата на Уставниот суд на Република Македонија во текот на 2013 година.
До Средствата за јавно информирање С О О П Ш Т Е Н И Е Ве известуваме дека годишната прес-конференција, посветена на работата на Уставниот суд на Република Македонија во текот на 2013 година, ќе се одржи на 14 март 2014 година (петок) со почеток во 10,00 часот, во просториите на Судот, во објектот на Кеј „ Димитар Влахов…
-
Информација за назначување на лице за комуникација со граѓани кои имаат одреден вид и степен на попреченост до Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија
Предмет: Информација Во врска со Информацијата под број 42-1532/1 од 17 февруари 2014 година на Владата на Република Македонија, поради потребата од назначување на лица за комуникација со граѓани кои имаат одреден вид и степен на попреченост, Генералниот секретар на Уставниот суд на Република Македонија го назначи лицето Јаготка Гијовска, самостоен референт во Суд. СУ.бр.201 28 февруари 2014 година Скопје
-
ВАЖНО – ПРОМЕНА НА ТЕРМИН – Соопштение за свечено примопредавање на компјутери
На 20 декември 2013 година (петок) во 15.00 часот во просториите на Уставниот суд на Република Македонија ќе се изврши свечено примопредавање на компјутери и технички средства од Турската Агенција за соработка и координација (ТИКА) на Уставниот суд на Република Македонија. Примопредавњето е отворено за јавноста.