Уставниот суд денеска ја одржа 7. Седница со дневен ред на кој се разгледуваа четири иницијативи и едно барање за заштита на слободи и права:
Предлогот на судијата-известител да не се поведува постапка за членот 110 од Законот за јавно обвинителство не го доби потребното мнозинство од пет гласа. Меѓу оспорените одредби се опфатени и прислушуваните материјали од СЈО.
Подносители на иницијативите: Здружението „Светски македонски конгрес“ од Скопје и Влатко Илиевски, адвокат од Скопје.
У.бр.106/2022 У.бр.121/2022 и У.бр.1/2023 се отфрлени согласно членот 28 алинеја 1 од Деловникот на Судот, односно Уставниот суд не е надлежен да одлучува по прашања од конкретните иницијативи.
У.бр.106/2022
Оспорен: Член 101 став 1 алинеја 4 во делот „на овој член“ од Законот за прекршоците („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019)
Подносител: Игорчо Точев од Скопје.
У.бр.121/2022
Оспорен: Член 1 став 1 во делот: „(3) и (4)“ од Законот за дополнување на Законот за јавно здравје („Службен весник на Република Македонија” бр. 136/2011)
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев од Скопје
У.бр.1/2023
Оспорени акти: Решение на Основниот граѓански суд Скопје ПЛ1 П.бр.604/21 од 12.01.2022 година и Решение на Апелациониот суд Скопје ГЖ-930/22 од 10.11.2022 година
Подносител на иницијативата: Ивана Талевска-Трендафилова, адвокат од Скопје
Рефератот за У.бр.43/2022 беше повлечен од дневен ред по барање на судијата-известител.
Подносител на барањето: Анита Галевски од Битола, преку адвокат Кирил Михајловски
Оспорено: Решение РО број 0904-19 од 17.02.2022 година од Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.