Соопштение по одржаната 8. седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска ја одржа 8. Седница со дневен ред на кој се дискутираше по пет иницијативи за заштита на уставност и законитост и одлучи: 

Реферат  У.бр.114/2022

Се поведува постапка за оценување на уставноста на член 56 став 1 точка 3 од Законот за трговија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/2004, 128/2006, 63/2007, 88/2008, 159/2008, 20/2009, 99/2009, 105/2009, 115/2010, 158/2010, 36/2011, 53/2011, 148/2013, 164/2013, 97/2015, 129/2015, 53/2016, 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 77/2021, 215/2021, 295/2021 и 150/2022).

Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 22 став 1 во делот „и 2“ од Законот означен во точката 1 од ова решение.

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев од Скопје.

Реферат У. бр.120/2022

Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 44 став 3 во делот „ставот 3 на“ од Законот за даночната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 88/2008, 159/2008, 105/2009, 133/2009, 145/2010, 171/2010, 53/2011, 39/2012, 84/2012, 187/2013, 15/2015, 97/2015, 129/2015, 154/2015, 23/2016 и 35/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/2019, 290/2020 и 247/2022) и став 3 од член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за даночната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.97/2015).

Подносител на иницијативaта: Игорчо Точев

Реферат У.бр. 122/2022

Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 49 став 4 точка 2 во делот „став (5)“ од Законот за задолжителни нафтени резерви („Службен весник на Република Македонија“ бр.144/2014, 178/2014, 199/2015, 197/2017 и 7/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/2019, 150/2021 и 236/2022).

Подносител: Игорчо Точев

Реферат У.бр.314/2020

Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на членовите 1, 2 и 3 во делот:„прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за координација  на политичките прашања на ресорите.“од  Деловникот за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.215/2020). 

Иницијативата се отфрла бидејќи Судот веќе претходно одлучувал за оспорените одредби.

Подносител на иницијативата:  „Левица“- политичка партија од Скопје

(У.бр.298/2020)

По излагањето на судијата-известител и по расправата што се водеше по предметот, предлогот на судијата-известител да се укине член 230 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, не беше усвоен, поради недобиено мнозинство гласови. 

Подносители на иницијативата: Игор Спировски, адвокат од Скопје, како полномошник на Славко Размилиќ, Зорка Златановиќ, Јадранка Мршиќ  и Димитар Пејчиновски

(У.бр.8/2022)

Членот 22 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ бр. 36/1990 и „Службен весник на Република Македонија“ бр.38/1991, 23/1997, 37/2005, 84/2005, 121/2007, 161/2008, 92/2009, 42/2010, 97/2010, 162/2010, 11/2012, 145/2012, 170/2013, 139/2014  и 233/2018).

Подносител на иницијативата: Глигорие Ќатоски, адвокат од Стругa

Поради интерес на повеќе медиуми Уставниот суд објави посебно соопштение за оваа точка.

Реферат У.бр.93/2022

Рефератот по  овој предмет се одложи за наредната седница на Судот.

Подносител на иницијативa:Славко Лазовски од Скопје