2024
-
У.бр.170/2024
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за начин и постапка за добивање на уверение за сметководител и овластен сметководител и упис во регистар, донесен од Управниот одбор на Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија
-
У.бр.98/2024 и У.бр.139/2024
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.154/2023) и СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на член 2 и член 4 од Законот за изменување…
-
У.бр.80/2024
СЕ УКИНУВА насловот на поглавјето 10 „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 128, 129, 130, 131 од Деловникот на Советот на Општина Пробиштип и СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на насловот на поглавјето 10 „Автентично толкување на општи акти“ и…
-
У.бр.56/2024
СЕ УКИНУВА член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општината Чучер-Сандево и СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општината Чучер-Сандево
-
У.бр.19/2024
СЕ УКИНУВА член 15 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Пласница и СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на член 15 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Пласница
-
У.бр.71/2024
СЕ УКИНУВА член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Конче и СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Конче
-
У.бр.33/2024
СЕ УКИНУВА член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Кичево и СЕ СТАВА вон сила Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Кичево
-
У.бр.61/2024
СЕ УКИНУВА насловот на точка 9 „Автентично толкување на прописите” и членовите 109, 110, 111 и 112, содржани во поглавјето VIII „Постапка за донесување на прописите” од Деловникот на Советот на Општина Дебрца и СЕ СТАВА ВОН сила Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите…
-
У.бр.167/2024
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 38 став 2 во делот „Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис“ од Законот за општата управна постапка
-
У.бр.159/2024
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на точката 1 од Упатството за измена и дополнување на Упатството за радиодифузерите за претседателските и за парламентарните избори 2024
-
У.бр.48/2024
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Росоман и СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Росоман
-
У.бр.15/2024
СЕ УКИНУВААТ член 24 алинеја 4, член 105, член 106, член 107 и член 108 од Деловникот на Советот на Општина Тетово и СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорените одредби од Деловникот на Советот на Општина Тетово