Соопштенија
-
Дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати присуствуваше на дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“ која се одржа на 13 ноември 2019 година во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“. Дебатата беше одржана на заедничка иницијатива на министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија,…
-
Присуство на 118-та седница на Собранието на Република Северна Македонија
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г-дин Сали Мурати на ден 5 ноември 2019 година, присуствуваше на 118-та седница на Собранието на Република Северна Македонија на која г-дин Давид Сасоли, претседател на Европскиот Парламент, се обрати пред пратениците на Собранието на Република Северна Македонија.
-
Известување за одржување на јавна расправа
Уставниот суд на Република Северна Македонија на 06 ноември 2019 година (среда), со почеток во 09,30 часот ќе одржи јавна расправа по предметот У.бр.2/2019 што се однесува на Барање за заштита на слободите и правата утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, а кои се однесуваат на забрана на дискриминација врз основа…
-
Избран нов претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија
Уставниот суд на Република Северна Македонија врз основа на член 109 став 3 од Уставот на Република Северна Македонија и член 7 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на 29 и 30 октомври 2019 година, го избра судијата САЛИ МУРАТИ за Претседател на Уставниот суд на Република…
-
Известување
Ве известуваме дека закажаната 26-та седница на Уставниот суд закажана за 31 октомври 2019 година (четврток) се одложува.
-
Официјална посета на Делегација на Уставниот суд на Република Бугарија на Република Северна Македонија, 10-13 јуни 2019 година
Во периодот од 10 до 13 јуни 2019 година, на покана на Уставниот суд на Република Северна Македонија, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува делегација на Уставниот суд на Република Бугарија, предводена од претседателот на Судот, проф. Борис Велчев. Во состав на Делегацијата ќе бидат и осум судии на Уставниот суд на…
-
Билатерална посета на Уставниот суд на Република Турција на Уставниот суд на Република Македонија
Во периодот од 9-12 септември 2018 година, на покана на Уставниот суд на Република Македонија, делегација на Уставниот суд на Република Турција предводена од претседателот на Судот, г. Зухту Арслан и уште двајца судии и судија известител на Судот, ќе остварат билатерална средба со Уставниот суд на Република Македонија. Во текот на работниот дел на…
-
Билатерална посета на Уставниот суд на Република Македонија на Уставниот суд на Република Бугарија
Во период од 4-7 јуни 2018 година, на покана на Уставниот суд на Република Бугарија, делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Судот, г. Никола Ивановски и уште шест судии на Судот, ќе оствари билатерална средба со Уставниот суд на Република Бугарија. Во текот на работниот дел на билатералната средба, уставните…
-
Известување за одржување на јавна расправа
Уставниот суд на Република Македонија на 03 мај 2018 година, со почеток во 10,00 часот (четврток) ќе одржи јавна расправа по предметот У.бр.116/2017 што се однесува на Барање за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, кои се однесуваат на повреда на слободата на мислата и јавното…
-
Известување
Ве известуваме дека закажаната 27-ма седница на Уставниот суд закажана за 30 ноември 2016 година (среда) се одложува за 01 декември 2016 година (четврток) поради тоа што 30 ноември 2016 година е прогласен за неработен ден на кој ќе се спроведе акцијата „Ден на дрвото“.
-
Избран нов претседател на Уставниот суд на Република Македонија
Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 109 став 3 од Уставот на Република Македонија и член 7 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија на седницата одржана на 17 октомври 2016 година, го избра судијата НИКОЛА ИВАНОВСКИ за претседател на Уставниот суд на Република Македонија сметано од 1 ноември…
-
ЈАВЕН ОГЛАС за избор на кандидати на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права;Обрасци за биографија
ЈАВЕН ОГЛАС за избор на кандидати на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права; Обрасци за биографија Врз основа на Одлуката за основање на Комисија за избор на кандидати на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права бр. 42-1963/1 од 23.02.2016, а во врска со член 22 од Европската…