Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска во име на Судот се заблагодари на Оливера Филиповска за долгогодишната соработка и исклучителниот ангажман и организираше свечена пригодност по повод заминувањето во пензија после 20 години посветеност на уставно-судската анализа. Филиповска ја заврши кариерата како советник на Судот, професионалец со стручен кредибилитет и богато искуство како правник. Од 2002 година е државен советник во Уставниот суд задолжена за стручно-аналитичките работи коишто претставуваат најсложен дел од работата на државните службеници. Од 2012 до 2016 година е избрана едногласно од судиите за генерален секретар на Судот, тековно учествува на голем број советувања во земјава и во странство во врска со човековите слободи и права, владеењето на правото и демократијата.