Советничката на Уставниот суд за меѓународно-правна соработка, Татјана Јањиќ Тодорова денеска имаше свое излагање во рамки на 10-та Летна школа во организација на Уставниот суд на Република Туркије и Центарот за обука на Асоцијацијата на азиски уставни судови и еквивалентни институции. Во говорот Јањиќ даде осврт на Европската Конвенција за човекови права и нејзината примена при одлучувањето во Уставниот суд.
Често се вели дека ниту еден друг акт освен Уставот не содржи толку малку зборови за регулирање на толку многу односи во општеството и државата. Затоа уставните судови, покрај традиционалните методи на толкување (како текстуално толкување, системско толкување, телеолошко толкување) сè повеќе применуваат и други средства и алатки. Меѓу тие методи го спомнав триделниот тест на ЕКЧП или тестот за пропорционалност кој се применува во толкувањето на критериумите за ограничување на човековите права, нагласи Јаниќ.
„Значењето на ЕСЧП и јуриспруденцијата на ЕСЧП во неговото толкување, несомнено влијаеја врз работата на Уставниот суд во неговото толкување на националниот устав и ја отворија вратата за интернационализација во толкувањето на нашиот Устав. Ова се смета за позитивен развој на настаните што треба да продолжи во иднина не само од Уставниот суд туку и од редовните судови. Уставниот суд со дел од својата одлука им даде јасна насока на другите национални судови дека примената на ЕКЧП претпоставува употреба на јуриспруденцијата на Судот во Стразбур, поради ефикасна заштита на човековите права од домашните судови според по европски стандарди.”
Меѓу учесниците на Летната школа е и Мајлинда Исмаили, советничка на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Темата на четиридневната школа која се одржува онлајн е: „Интерпретација на Уставот во заштитата на основните права и слободи”. На Летната школа оваа година се вклучени претставници на стручните служби од 24 уставни судови.