Поради интерес на повеќе медиуми и организации Уставниот суд известува дека денеска не донесе одлука за предметот У.бр.4/2022 поради недоволно мнозинство на гласови. Имено, предлог во рефератот на судијата известител е да не се поведе постапка што значи Законот да остане во правниот поредок, односно недела да остане неработен ден, освен во дејностите за кои е исклучок и кои се предвидени со овој закон. На јавната расправа овој предлог го поддржаа четворица судии кои ја оценија иницијативата на Стопанска комора на Северна Македонија како неоснована, наспроти еден судија кој не се согласи со оваа оценка. Потсетуваме дека Уставниот суд работи со вкупно пет судии од предвидени девет според Уставот, а за одлучување се потребни најмалку петмина, колку што се вкупно судии во моментов.