Уставниот суд денеска ја одржа XXIX-та седница на која расправаше по три иницијативи за оценување на уставноста и законитоста и едно барање за слободи и права и одлучи да:
Реферат У.бр.143/2021- ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 151/2021).
Подносител: Илија Русев
Реферат У.бр.38/2022- не се поведува постапка за оценување на уставноста на членот 1 став 3 од Законот за изменување на Законот за административни службеници („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.99/2022) и се отфрла иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на членот 87 став 2 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2014,199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2019, 14/2020, 215/2021).
Подносител: Владан Цибрев
Реферат У.бр.47/2022- не поведе постапка за оценување на уставноста на член 22 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.25/2013).
Подносител: Игорчо Точев
Реферат У.бр.137/2021-предметот е одложен за некоја од наредните седници поради утврдување на дополнителни околности
Подносители: Живко Јаќимовски и Радица Јаќимовски застапувани од Бенита Белешкова, адвокатка од Скопје