Уставниот суд денеска одржа седница на која расправаше по пет иницијативи за оценување на уставноста и законитоста и одлучи да:
1.Реферат У.бр.87/2021-Предлогот не го доби потребното мнозинство гласови.
Оспорен акт: Член 91 став 2 од Законот за стечај („Службен весник на Република Македонија“ бр. 34/2006, 126/2006, 84/2007,47/2011, 79/2013, 164/2013, 29/2014, 98/2015 и 192/2015) во делот: „Доверителот кој е упатен на парница е одговорен за штетата што може да биде предизвикана со водењето на парницата ако тужбеното барање биде одбиено како неосновано.
Подносител на иницијативата: Бобан Богдановски, адвокат од Скопје
2.Реферат У.бр.37/2020-не поведе постапка за оценување на уставноста на: член 65 став 2, во делот „Законот за прекршоците“, став 3 во делот „Законот за прекршоците“ и член 66-а став 1, во делот: „Прекршочна комисија“, од Законот за туристичката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/2004, 89/2008, 12/2009, 17/2011, 47/2011, 53/2011, 123/2012, 164/2013, 27/2014, 116/2015, 192/2015 и 53/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/2020).
Оспорен акт и одредби: Членот 65 став 2, во делот: „Законот за прекршоците“ и став 3 исто така во делот: „Законот за прекршоците“, како и Член 66-а став 1, во делот: „Прекршочна комисија“ од Законот за туристичката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/2004, 89/2008, 12/2009, 17/2011, 47/2011, 53/2011, 123/2012, 164/2013, 27/2014, 116/2015, 192/2015 и 53/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/2020).
Подносител на иницијативата : Игорчо Точев од Кочани
3.Реферат У.бр.34/2022-ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на законитоста на Одлуката за давање на согласност бр. 08-506/4 од 18 август 2021 и Заклучокот за објавување на Одлуката за давање на согласност за објавување на oдлука, бр. 08-360/2
од 5 август 2021 година.
Оспорен акт: Одлука за давање на согласност заведена под број 08-506/4 од 18 август 2021 година, донесена од страна на Советот на Општина Неготино и Заклучок за објавување на Одлуката за давање на согласност за објавување на одлука, заведена под број 08-360/2 од 5 август 2021 година на УО на ЈП „Комуналец“ Неготино, заведен под број 09-519/2 од 20 август 2021 година, донесени од страна на Советот на Општина Неготино на педесет и првата редовна седница на Советот на Општина Неготино и објавени во („Службен гласник на Република Северна Македонија“ број 19/2021).
Подносител на иницијативата: Никола Петров од Неготино
4.Реферат У.бр.98/2021-не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 84 став 1 од Статутот на Стоматолошката комора
на Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.118/2021).
Оспорен акт: член 84 став 1 од Статутот на Стоматолошката комора на Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија бр.118/2021).
Подносител на иницијативата: Круме Чесноски од Прилеп
5.Реферат У.бр.125/2021- ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Точка 5 од Упатството за платено политичко рекламирање за Локалните избори 2021 бр.01-3457/1 од 21.09.2021 година, донесено од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Оспорена одредба: Точка 5 од Упатството за платено политичко рекламирање за Локалните избори 2021 бр.01-3457/1 од 21.09.2021 година.
Подносител на инцијативата: Политичка партија Левица од Скопје