Соопштенија
-
Соопштение
Уставниот суд на Република Северна Македонија, денес одржа седница на која единствена точка на дневниот ред беше разгледувањето на иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.43/2020). Врз основа на дискусиите на судиите, како и поради значењето на предметот,…
-
Соопштение
Се известуваат граѓаните дека за периодот од 18.03.2020 година до завршувањето на вонредната состојба, нема да се применуваат роковите утврдени во член 51 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Ова од причина што на територијата на Републиката е прогласена вонредна состојба во која е ограничено правото на движење, како и фактот што…
-
Соопштение
Ве известуваме дека закажаната IX седница на Уставниот суд за 18 март 2020 година со почеток во 09.30 часот СЕ ОДЛОЖУВА. Одложувањето на оваа седница е поради новонастанатата ситуација со ширењето на корона вирусот во Републиката и е од превентивни причини.
-
Соопштение
Ве известуваме дека поднесоците до Уставниот суд кои се доставуваат лично, може да се поднесуваат од 09,00 – 13,00 часот до завршување на вонредната состојба.
-
Соопштение по повод средбата на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на Украина во Република Северна Македонија, Н.Е. д-р Наталија Задорожњук
На средбата остварена денес помеѓу претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и амбасадорот на Украина во Република Северна Македонија, Н.Е. д-р Наталија Задорожњук, се разговораше за теми од работата и функционирањето на Уставниот суд, досегашната билатерална соработка со Уставниот суд на Украина и можностите за натамошно продлабочување на соработката помеѓу двата…
-
Средба на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на Украина во Република Северна Македонија, Н.Е. д-р Наталија Задорожњук
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, на 10 март 2020 година (вторник) ќе оствари средба со Н.Е. д-р Наталија Задорожњук, Амбасадор на Украина во Република Северна Македонија, со почеток во 10.00 часот.
-
Соопштение по повод средбата на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Дирк Јан Коп
На средбата остварена на 5 март 2020 година, меѓу претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати и Амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Н.Е. г. Дирк Јан Коп, се разговараше за улогата на Уставниот суд во остварувањето на темелната вредност на уставниот поредок – владеењето на правото, како и…
-
Средба на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Дирк Јан Коп
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, на 5 март 2020 година (четврток) ќе одржи средба со Н.Е. г-дин Дирк Јан Коп, Амбасадор на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, со почеток во 10.30 часот.
-
Соопштение по повод средбата на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Сергеј Баздникин
На средбата остварена денес помеѓу претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Сергеј Баздникин, тема на разговор беа остварувањето на уставната улога на Судот со посебен осврт на заштитата на слободите и правата, како и предизвиците со кои се соочува Судот…
-
Средба на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Сергеј Баздникин
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, на 25 февруари 2020 година (вторник) ќе одржи средба со Н.Е. г-дин Сергеј Баздникин, Амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија, со почеток во 13.00 часот.
-
Присуство на 133-та седница на Собранието на Република Северна Македонија
На покана од Собранието на Република Северна Македонија, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, присуствуваше на сто триесет и третата седница на Собранието на Република Северна Македонија што се одржа на 11 февруари 2020 година, на која се донесе Законот за ратификација на Североталанскиот договор.
-
Соопштение по повод средбата на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на Унгарија во Република Северна Македонија, Н.Е. д-р Ласло Иштван Дукс
На средбата одржана денес помеѓу претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и Амбасадорот на Унгарија во Република Северна Македонија, Н.Е. д-р Ласло Иштван Дукс,тема на разговор беа предизвиците со кои се соочува Судот и активностите кои се преземаат за нивно надминување. Претседателот Мурати, го запозна амбасадорот со содржината на решенијата кои…