Интерен оглас бр.1/2022

Врз основа на член 19 став 3 од Правилникот за вработување и унапредување во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна Македонија Су.бр.46/21 од 20 јануари 2021 година и Су.бр.70/2022 од 24 јануари 2022 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија објавува

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.1/2022
за унапредување во Стручната служба на Уставниот суд
на Република Северна Македонија

 

1. Со цел овозможување на вработените во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна Македонија, кариерно напредување преку преминување од пониско во повисоко звање врз основа на постигнатите резултати во работата, се објавува интерен оглас за унапредување од звање советник во звање самостоен советник (тројца извршители).

2. Право да се пријават на интерниот оглас имаат вработените во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна Македонија со звање – советник.

3. Пријавата може да се достави најдоцна до 13 декември 2022 година до 15:30 часот во Писарницата на Судот.

4. Согласно член 5 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за вработување и унапредување во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна Македонија бр.70/22 од 24 јануари 2022 година, во постапката за унапредување, Комисијата за организациони и кадровски прашања ќе ги оцени кандидатите за унапредување по следните критериуми: 1. квалитет, ефективност и ефикасност на работењето; 2. почитување на роковите и ниво на исполнување на утврдените работни цели и задачи; 3. ниво на вклученост и посветеност на работата; и 4. однесувањето на вработениот.

 

Кoмисија за организациони и кадровски прашања