Уставниот суд ја одржа 38. седница на која на дневен ред се разгледуваа осум иницијативи за оценување на уставност и законитост и одлучи:
1. Реферат У.бр.53/2021
Не се поведува постапка за член 244-а став 1 од Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 37/1996, 80/1999, 4/2002, 43/2003, 19/2004, 81/2005, 60/2006, 73/2006, 7/2008, 139/2008, 114/2009, 51/2011, 51/2011, 135/2011, 185/2011, 142/2012, 166/2012, 55/2013, 82/2013, 14/2014, 27/2014, 28/2014, 41/2014-исправка, 41/2014-исправка, 115/2014, 132/2014, 160/2014, 199/2014, 196/2015, 226/2015, 97/2017 и 248/2018)
Подносител на иницијативата: Елизабета Цветковска, адвокатка од Куманово
Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.288/2021)
Подносител: Стопанска комора на Северна Македонија
3.Реферат У.бр.128/2019
Не се поведува постапка за член 174 ставови 8 и 9 и член 176 став 3 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2018).
Подносител на иницијативата: Ѓорѓи Илиевски
4. Реферат У.бр.266/2020
Не се поведува постапка за „Прв заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за координација на политичките прашања на ресорите“ во насловот на Глава II, членовите 5 и 6 од Деловникот за работа на Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/2001, 98/2002, 9/2003, 47/2003, 64/2003, 67/2003, 51/2006, 5/2007, 15/2007, 26/2007, 30/2007,58/2007, 105/2007, 116/2007129/2007,157/2007,26/2007,30/2007,58/2007,105/2007,116/2007,29/2007,157/2007,29/2008,51/2008,86/2008,144/2008,42/2009,62/2009,41/2009,162/2009,40/2010,166/2010,172/2010,95/2011,151/2011,70/2011,67/2013,145/2014,62/2015,41/2016,153/2016,113/2017,228/2019 и 72/2020).
Подносител на иницијативата: Светски македонски конгрес
5. 47/2017
Се отфрли иницијативата за оценување на уставност и законитост на Одлуката за избор на Претседател на Собранието на Република Македонија, бр.08-1108/1 од 2 мај 2017 година („Службен весник на Република Македонија” бр.53/2017), донесена од Собранието на Република Македонија)
Подносители:Тодор Петров од Скопје, претседател на Светски Македонски Конгрес, Васко Лазески, Богдан Илиевски и Борис Дамовски и Томе Тодоровски, адвокат од Свети Николе
6. Реферат У.бр.37/2022
Се отфрли иницијативата за оценување на уставност и законитост на Одлука на Совет на Општина Ново Село бр.08-288/1 од 03.02.2022 година.
Подносител на инцијативата: Ѓорѓе Божинов, градоначалник на Општина Ново Село
7.Реферат У.бр.53/2022
Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за Одлуката за донесување урбанистички план вон населено место Лагадин-Пештани, за Блок 3 и дел од Блок 4, КО Пештани, Општина Охрид, Плански период 2012-2022 („Службен гласник на Општина Охрид“ бр.1/2015).
Подносител на иницијативата:Наташа Шурбановска
8. Реферат У.бр.64/2022
Уставниот суд одлучи да не поведеПоследен став од Програма за дополнување на програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Делчево за 2022 година, донесена на 15.03.2022 година од Советот на Општина Делчево, објавена во Службен гласник на Општина Делчево бр. 3 на 16.03.2022 година.
Подносител на инцијативата:ДТПУ ГЕО СОЛАР ДОО увоз-извоз Делчево, преку полномошник адвокат Николчо Атанасовски од Делчево.
За предметот Реферат У.бр. 80/2021 Уставниот суд донесе времена мерка за запирање на сите активности кои се однесуваат на издавање на одобренија за градење, врз основа на Деталниот урбанистички план Градска четврт Ј 07 локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара број 07-4414/4 од 18.07.2014 година, донесена од Советот на Општина Центар-Скопје, објавена во „Службен гласник на Општина Центар-Скопје број 9/2014, во делот за КП 490/2, КП490, КП493, КП 496/3, КП 498, КП 502, сите на КО Центар 2, кои се наоѓаат на ул.Козара-Капиштец, донесен од Советот на општина Центар во 2014 година.
Подносител: Томе Симоновски
Реферат У.бр.27/2020 и 289/2020- Судот одлучи да го укине членот 44 став 2 во делот „најдоцна до 65 годишна возраст” од Законот за социјална заштита.
Подносители: Александар Долгоски и Институтот за човекови права преку полномошник Игор Спировски