Уставниот суд денеска ја одржа 40. седница со дневен ред на кој беа закажани шест иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права и одлучи:
У.бр.297/2020
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на членовите 70, 131 и членот 135 во делот „освен одредбите на членот 70 од овој закон кои ќе започнат да се применуваат од 1 јануари 2021 година” од Законот за прекршоците („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019).
Подносител на иницијативата: Марика Димитровска, адвокатка од Скопје
У.бр.277/2020
Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 288 ставови 1 и 3, член 381, член 483, член 484, член 485, член 486, член 487, член 488, член 489 и член 490 од Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија бр.150/2010, 100/2012, 142/2016 и 198/2018).
Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на член 288 ставови 2, 4 и 5 од Законот означен во точката 1 од ова решение.
Подносител: Александра Илиева Милчова, адвокатка од Скопје
У.бр.54/2022
Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување Урбанистички план вон населено место за индустриска зона „Мауцкер“, КО Долно Лакочереј – вон град, Општина Охрид, плански период 2013-2023, со бр.08-2681/14, донесена од Советот на Општина Охрид на 27.02.2015 година („Службен гласник на Општина Охрид“ бр.2 од 03.03.2015 година).
Подносител: Наташа Шурбановска
У.бр.319/2020 – Предлогот од рефератот не го доби потребното мнозинство гласови и ќе биде ставен на некоја од наредните седници.
Подносител на барањето: Дејан Владев преку Гоце Тасков, адвокат од Свети Николе.
Oспорени: Пресуда од 16.03.2020 година на Основен суд Свети Николе и пресуда од 25.09.2020 година на Апелационен суд Штип.
Поради отсуство од здравствени причини на судијата- известител, два предмета беа повлечени од денешната седница. Станува збор за:
Реферат У.бр.64/2022
Оспорен: Член 205 од Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009 и 161/2009).
Подносител на иницијативата: Осигурување Македонија а.д.Скопје- Виена Иншуренс Груп, од Скопје, застапувано од адвокат Игор Спировски од Скопје
У.бр.23/2022
Оспорени: Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Градска Четврт 3 04, Блок 04.05-Општина Карпош, заведена под број 09-1656/3 од 3 март 2022 година, со плански период (2020-2025), површина на опфатот(6.313 ха), изработен од „Билд Урбан” ДООЕЛ Скопје, од март 2021 година, донесена на 5. вонредна седница на Советот на Општина Карпош и објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.4/2022.
Подносител: Наташа Шурбановска
Предметот У.бр.28/2022 е повлечен од дневен ред на една од наредните седници.
Оспорени: Член 44 став 2 од од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија број 104/2019, 146/2019, 275/2019, 302/2020, 311/2020 и 163/2021).
Подносител на иницијативата:Благоја Новески