Закони
-
У.бр.13/2025
СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста на член 2 oд Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2025)
-
У.бр.5/2025
СЕ УКИНУВААТ член 9 став 1 во деловите „во рок од седум дена од денот на правосилноста на“ и „односно од денот на доставување на одлуката од страна на повисокиот суд“ и став 3 во делот „правосилни“ од Законот за управување со движењето на предметите во судовите и СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста…
-
У.бр.267/2024
СЕ УКИНУВААТ член 37 став 4 реченица втора „Во случај на изрекување дисциплинска мерка – бришење од соодветниот регистар се одзема уверението на сметководителот, односно на овластениот сметководител” и став 8 точка 4) во делот „и одземање на уверение” и член 41 став 1 во делот „и одземање на уверението” и став 2 од Законот…
-
У.бр.59/2025
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 9 став 2 во делот „на самостоен орган на државна управа“ од Законот за индустриската сопственост
-
У.бр.57/2025
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за семејството
-
У.бр.23/2025
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 1 став 3 во делот „и Академијата за судии и јавни обвинители“, член 5 точка 1 алинеја 1 во делот „и директорот на Академијата за судии и јавни обвинители“ и алинеја 2 во делот „и Академијата за судии и јавни обвинители“, член 7 став 3 алинеја…
-
У.бр.113/2025
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 176 став 2 од Законот за заштита на децата
-
У.бр.66/2025
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 14 став 1 алинеја 1 во делот „и електронска“ од Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
-
У.бр.78/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 4 став 1 точка 5, член 10 став 1 алинеи 1 и 2 и член 10 став 2 од Законот за социјална сигурност за старите лица
-
У.бр.67/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 10 став 1 од Изборниот законик
-
У.бр.162/2023 и У.бр.163/2023
СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик