Лариса Милевска
-
У.бр.206/2024
СЕ ОДБИВА барањето од Еролд Муслиу од Скопје за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, што се однесуваат на забраната на дискриминација по основ на пол и политичка припадност, за кои смета дека му се повредени со Одлуката за разрешување директор на Агенцијата за разузнавање…
-
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија оствари средба со г. Махмут Чевик, заменик – претседател на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА и г-а Шејма Бабајигит, координатор на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА во Скопје
На ден 20.12.2024 година, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, се сретна со г. Махмут Чевик, заменик – претседател на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА и г-а Шејма Бабајигит, координатор на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА во Скопје. Средбата претставува продолжение на започнатите дискусии…
-
Годишна прес-конференција, посветена на работата на Уставниот суд на Република Северна Македонија во текот на 2024 година
Ве известуваме дека на 23 декември 2024 година (понеделник) со почеток во 12 часот, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, ќе одржи годишна прес – конференција посветена на работата на Уставниот суд на Република Македонија во текот на 2024 година, во Конференциската сала на 4-ти кат, во објектот на Кеј…
-
Претседателот на Уставниот суд оствари средба со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Н.Е. г. Михалис Рокас
Вчера, на ден 16.12.2024 година, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски и судијата м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, се сретнаа со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Н.Е. г. Михалис Рокас. На средбата, претседателот на Судот, го информираше амбасадорот на ЕУ за актуелностите, но и за предизвиците со кои се соочува…
-
Соопштение по одржаната 32-ра седница на Уставниот суд
Вчера, 11 декември 2024 година, Уставниот суд ја одржа 32-та седница на која се дискутираше по пет иницијативи за оценување на уставност и законитост, еден предлог за решавање судир на надлежности и се одлучуваше по два предлога за одлучување за кои е донесена конечна одлука. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ 1. Реферат У.бр.15/2019, У.бр.25/2019,…
-
У.бр.165/2023
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за определување и промена на имињата на улици и плоштади на подрачјето на Град Скопје
-
У.бр.185/2023
СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста и законитоста на член 13 став 2 и член 14 став 1 од Статутот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија
-
У.бр.230/2024
СЕ УТВРДУВА дека Комисијата за прашања на избори и именувања при Собранието на Република Северна Македонија е стварно надлежна да постапува по Барањето за остварување на правото на плата по престанок на функцијата од 28.05.2024 година, поднесено од страна на Тоше Зафиров
-
У.бр.190/2024
СЕ УКИНУВА член 2 став 3 во делот „а до навршени 65 години живот“ од Правилникот за организацијата, составот и начинот на работата на Комисијата за оцена на работната способност
-
У.бр.194/2024
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за начинот и постапката на спроведување на избор и оценка на соодветноста на член на надзорен орган на друштво за осигурување и известување до Агенцијата за супервизија на осигурување
-
У.бр.97/2024
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 222 од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата
-
У.бр.178/2023 и У.бр.180/2023
СЕ ОТФРЛA иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за времен прекин на дел од постапките со кои се спроведува Деталниот урбанистички план за градска четврт C3 03, донесена од Советот на Општина Ѓорче Петров Скопје, со број 08-1360/5 од 13.07.2023 година