October 2022
-
Новоизбраните уставни судии Бозаџиева и Скендер денеска почнаа со работа
Денеска во Уставниот суд почнаа со работа новоизбраните судии Татјана Васиќ Бозаџиева и Фатмир Скендер. Двајцата судии утрово беа примени од претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, добија работни материјали за следната седница закажана за 9 ноември. Судиите Бозаџиева и Скендер се запознаа со вработените во службата на Уставниот суд и во наредниот период ќе…
-
Средба со претставници на ИРЗ: Изработена е студија за воведување на уставна жалба во Република Северна Македонија
Претставници на Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ) го посетија Уставниот суд и остварија средба со претседателката на Судот, Добрила Кацарска. На средбата организирана на барање на ИРЗ, претставниците на германската фондација информираа дека е подготвена студијата за воведување на уставна жалба во Република Северна Македонија. Имено, се работи за студија изработена од германски…
-
Судиите Насер Ајдари и Осман Кадриу учествуваа на меѓународна конференција во Тирана
Судиите на Уставниот суд на Република Северна Македонија Насер Ајдари и Проф. д-р Осман Кадриу учестуваа на дводневна меѓународна конференција која се одржа во Тирана, Албанија. Преку овој настан Уставниот суд на Албанија го обележа 30 годишниот јубилеј од основањето на уставното судство. На научната конференција главен акцент беше ставен на улогата на уставните судови…
-
Соопштение по одржаната XXXIII-та седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа XXXIII-та седница на која се дискутираше по две иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање заштита на слободи и права и одлучи: 1. Реферат У.бр.55/2022- предлогот не го доби потребното мнозинство гласови. Оспорен: Членот 3 од Законот за изменување на Законот за административни службеници („Службен весник на Република…
-
У.бр.63/2022
СЕ ОДБИВА барањето на Милан Јовчевски од Прилеп, поднесено преку полномошникот, адвокат Трајче Арсов од Велес и на други 247 лица, преку полномошникот Милан Јовчевски од Прилеп, за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, што се однесуваат на слободата на мислата и јавното изразување на…
-
У.бр.58/2022
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на членовите 5, 7, 8 и 165 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам
-
Уставниот суд оформи пет нови предмети за периодот од 23 август до 1 септември
Почитувани, Во периодот од 23 август до 1 септември 2022 година до Уставниот суд се поднесени четири иницијативи за оценување на уставноста и законитоста и едно барање за заштита на слободи и права и по нив се оформени предмети кои се предадени на работа на советници на Судот и судии. 1 У.бр.80/22 Оспорен: член 2 од Уредбата за…
-
Дневен ред за XXXIII-та седница закажана за 19 октомври 2022 година (среда)
Уставниот суд на 19 oктомври 2022 година (среда) во 9:30 часот ќе ја одржи XXXIII-та седница со дневен ред на кој се закажани две иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права: РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА: 1.Реферат У.бр.55/2022 Оспорен: Членот 3…
-
У.бр.61/2022
СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Решението на Комисијата за денационализација со седиште во Скопје
-
Соопштение на Уставниот суд по одржаната XXXII-ра седница
Почитувани, По одржаната XXXII-ра седница на Уставниот суд денеска, одлучено е да: 1.Реферат У.бр.69/2022- Предметот е одложен за некоја од наредните седници поради дополнително доработување на рефератот. Оспоренa одредба: Член 19 став 16 од Законот за административни службеници( „Службен весник на Република Македонија бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018 и Службен весник…
-
У.бр.62/2022
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за Детален урбанистички план за станбена заедница број 4 и 2 Реонски Центар Запад, Блок 1 – Општина Битола
-
У.бр.25/2022
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 5 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи, склучен помеѓу Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат