Соопштение на Уставниот суд по одржаната XXXII-ра седница

Почитувани, 

По одржаната XXXII-ра седница на Уставниот суд денеска, одлучено е да: 

1.Реферат У.бр.69/2022- Предметот е одложен за некоја од наредните седници поради дополнително доработување на рефератот. 

Оспоренa одредба: Член 19 став 16 од Законот за административни службеници( „Службен весник на Република Македонија бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018 и  Службен весник на Република Северна Македонија” бр.275/2019, 14/2020, 215/2021 и 99/2022).

Подносител на иницијативата: Оливер Давидовски

2. Реферат У.бр.25/2022-Не се поведува  постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 5 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи, склучен помеѓу Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 149/2021).

Подносител на иницијативата: Грански независен синдикат на полицијата од Скопје

3. Реферат У.бр.62/2022-Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за Детален урбанистички план за станбена заедница број 4 и 2 Реонски Центар Запад, Блок 1-Општина Битола, донесена од Советот на Општина Битола под број 09-135/5 од 08.10.2018 година.

Подносител на иницијативата: Борис Сидоровски и Дине Кочов

4.Реферат У.бр.61/2022- Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Решението на Комисијата за денационализација со седиште во Скопје, општина Центар ДН. Бр.17-08-302/1 (314) од 03.08.2002 година.

Подносител на иницијативата: Виктор Пајвански

Oд претходно објавените наводи во иницијативите:http://ustavensud.mk/?p=22809