Уставниот суд денеска ја одржа XXXIII-та седница на која се дискутираше по две иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање заштита на слободи и права и одлучи:
1. Реферат У.бр.55/2022- предлогот не го доби потребното мнозинство гласови.
Оспорен: Членот 3 од Законот за изменување на Законот за административни службеници („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.99/2
Подносител: Јове Кекеновски од Скопје
2. Реферат У.бр.58/2022- ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на членовите 5, 7, 8 и 165 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам („Службен весник на Република Македонија“ бр. 120/2018).
Подносител: Адвокат Јован Јоанидис
3. Реферат У.бр.63/2022- го одби барањето од Милан Јовчески од Прилеп, поднесено преку полномошник адвокат Трајче Арсов од Велес, за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија што се однесуваат на слободата на мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација по основ на политичка припадност.
Подносител: Милан Јовчевски од Прилеп преку полномошник – адвокат Трајче Арсов од Велес.