-
Известување за одржување на јавна расправа
Уставниот суд на Република Македонија на 3 февруари 2011 година, со почеток во 10,00 часот ќе одржи јавна расправа по предметот У.бр.107/2010 за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата. Јавната расправа ќе…
-
Учество на VIII Светски конгрес на Меѓународното здружение за уставно право (5-10 декември, Мексико Сити)
Судијата на Уставниот суд на Република Македонија Игор Спировски учествува на VIII-от Светски конгрес на Меѓународното здружение за уставно право што се одржува од 5-10 декември 2010 во Мексико Сити. Темата на Конгресот е „Уставите и принципите“. Судијата Игор Спировски на Конгресот учествува со труд под наслов: „Поделба на власта и консоцијално споделување во Република Македонија: Случувања…
-
Новоизбраниот претседател ќе даде изјава
Новоизбраниот претседател на Уставниот суд на Република Македонија Бранко Наумоски ќе даде изјава на медиумите. Изјавата на мдиумите ќе биде дадена на 1 ноември 2010 година (понеделник) во 11,00 часот во Кабинетот на претседателот на Уставниот суд. Служба за информирање
-
Бранко Наумоски нов Претседател на Уставниот суд
Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 109 став 3 од Уставот на Република Македонија и член 7 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија на седницата одржана на 29 октомври 2010 година го избра судијата Бранко Наумоски за Претседател на Уставниот суд на Република Македонија.
-
Соопштение до јавноста
С О О П Ш Т Е Н И Е до јавноста Во врска со актуелните настани околу првата поведена постапка за лустрирање, Уставниот суд воочува дека лустрацијата на еден уставен судија се користи за напад врз Уставниот суд како институција која што ја штити уставноста и законитоста. Имено, Премиерот на јавноста и изнесува оценка дека Уставниот суд нема…
-
Известување за одржување на подготвителна седница
Уставниот суд на Република Македонија ќе одржи подготвителна седница на 7 октомври 2010 година со почеток во 10,00 часот, по предметот У.бр. 262/2009, за оценување на уставноста на членовите 138 и 140 од Законот за градење.
-
Соопштение до јавноста
Соопштение до јавноста Во врска со насловот и текстот поврзан со Уставниот суд на Република Македонија, објавен во дневниот весник “Вечер“ на 15 јули 2010 година, изразуваме запрепастеност од формата преку која е манифестирана некултура, попрецизно простотилак. Во однос на содржината, пак, укажуваме дека Судот досега не расправал за прашања околу сексот, поради што написот…
-
ЗАКЛУЧОЦИ од Регионалната конференција на уставните судови на тема:„Независност на уставните судови“, Охрид, 10-13 јуни 2010 година
– Уставните судови се тековина на современите демократски општества; нивната мисија е да ги обезбедат најважните општествени вредности, определени во уставите, како што се владеењето на уставот и уставноста односно владеењето на правото, поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска и остварувањето на основните човекови права и слободи; – Таквата мисија на уставните…
-
Регионална конференција на уставните судови
До Средствата за јавно информирање 1. Од 10-13 јуни 2010 година во хотел „Инекс Горица“ во Охрид ќе се одржи Регионална конференција на уставните судови. Темата на Конференцијата е: „Независност на уставните судови“. Во работата на Конференцијата ќе учествуваат: – Уставниот суд на Република Македонија, предводен од претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски; – Уставниот суд…
-
Присуство на церемонија на Венецијанската Комисија
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и судијата д-р Наташа Габер-Дамјановска ќе присуствуваат на формалната церемонија по повод 20 години од постоењето на Венецијанската Комисија што ќе се одржи на 5 јуни 2010 година во Венеција.
-
Билатерална посета на делегација на Уставниот суд на Република Турција на Уставниот суд на Република Македонија
Од 3-5 мај 2010 година, делегација на Уставниот суд на Република Турција составена од претседателот на Судот г-дин Хашим Килиџ и уште тројца судии, ќе престојува во официјална посета на Уставниот суд на Република Македонија. Станува збор за прва официјална билатерална средба помеѓу Уставниот суд на Република Македонија и Уставниот суд на Република Турција која е…
-
Билатерална посета на Уставниот суд на Република Македонија на Уставниот суд на Црна Гора
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија од 22 – 25 април 2010 година престојуваше во билатерална посета на Уставниот суд на Црна Гора. За време на посетата беше остварена работна средба со претседателот и судиите на Уставниот суд на Црна Гора на која се разговараше за актуелните состојби во работењето на уставните судови на двете земји…