Соопштенија
-
Годишна прес-конференција посветена на работата на Судот во 2009 година.
Годишна прес-конференција посветена на работата на Судот во 2009 година. До СРЕДСТВАТА ЗА ЈАВНО ИНФОРМИРАЊЕ С О О П Ш Т Е Н И Е На 18 февруари 2010 година (четврток) во 11.00 часот во просториите на Уставниот суд на Република Македонија (Работнички дом, 6-ти спрат) ќе се одржи годишна прес-конференција посветена на работата на…
-
Учество на свеченото отворање на судиската година на Европскиот суд за човекови права, Стразбур
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и државниот советник за меѓународна соработка Татјана Јањиќ-Тодорова на 29 јануари 2010 година учествуваа на свеченото отвoрање на судиската година на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. По тој повод беше одржан и семинар на тема: „Конвенцијата е ваша“ на кој учествуваа 150 претставници…
-
Присуство на Свечената седница на Европскиот суд за човекови права, Стразбур
На покана на Претседателот на Европскиот суд за човекови права г-дин Жан Пол Коста, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски, на 29 јануари 2010 година ќе присуствува на свечената седница на Европскиот суд за човекови права во Стразбур по повод отворањето на судиската година. На свечената седница ќе му претходи семинар…
-
Присуство на Свечена седница на Европскиот суд за човекови права, Стразбур
На покана на Претседателот на Европскиот суд за човекови права г-дин Жан Пол Коста, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски, на 29 јануари 2010 година ќе присуствува на свечената седница на Европскиот суд за човекови права во Стразбур по повод отворањето на судиската година. На свечената седница ќе му претходи семинар…
-
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Тргнувајќи од зачестените реакции во врска со Решението на Судот за поведување постапка за оценување на уставноста на членот 162 од Законот за внатрешните работи и на изречената привремена мерка, како и од квалификациите за политичко одлучување и партиско делување на Уставниот суд, Уставниот суд укажува дека правната основа за неговото постапување е Уставот на…
-
Покана за неформална средба до средствата за јавно информирање
По повод успешната соработка на Уставниот суд на Република Македонија со средствата за јавно информирање во календарската 2009 година, Судот Ви упатува П О К А Н А за неформална средба која ќе се одржи на 29 декември 2009 година (вторник) во 11,00 часот во просториите на Уставниот суд на Република Македонија (Работнички дом, VI…
-
Средба со делегација на Уставниот суд на Република Косово
На барање на Уставниот суд на Република Косово, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски, денес (18 декември 2009) се сретна со претседателот на Судот Енвер Хасани, потпретседателот Кадри Круезиу и генералниот секретар Арбреша Шаља. Средбата беше протоколарна и посветена на согледувањето на можностите за идна соработка. 18.12.2009 Скопје Служба за информирање на…
-
XI Meѓународен конгрес за европско и меѓународно уставно право, Регензбург
Судијата на Уставниот суд на Република Македонија Игор Спировски на 4 и 5 декември 2009 година ќе учествува на XI Meѓународен конгрес за европско и меѓународно уставно право што се одржува на Универзитетот Регензбург во Германија. Тема на Конгресот ќе биде: Европа и нејзините устави: 20 години подоцна“.
-
Учество на Регионална конференција во Подгорица
Судијата на Уставниот суд на Република Македонија Игор Спировски, од 2-4 ноември 2009 година ќе учествува на регионалната конференција што ќе се одржи во Подгорица, во организација на Уставниот суд на Црна Гора, Мисијата на ОБСЕ во Црна Гора и Венецијанската комисија на Советот на Европа. Тема на конференцијата ќе биде Компаративната практика на уставните…
-
Учество на Регионална конференција во Белград
Судиите на Уставниот суд на Република Македонија Бранко Наумоски и Игор Спировски учествуваат на Регионалната конференција на тема: „Уставното судство во теорија и практика“ што се одржува во Белград, 27 и 28 октомври 2009 година во организација на Уставниот суд на Србија и Програмата за владеењето на правото на Фондацијата Конрад Аденауер. На Конференцијата претставници…
-
Известување за одржување на јавна расправа
Уставниот суд на Република Македонија, на 22 Октомври 2009 година со почеток во 10:00 часот ќе одржи јавна расправа по предметот У.бр.84/2009, за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот, што се однесуваат на повреда на правото на политичко дејствување сторено со неприфаќање на кандидатурата за градоначалник на Општина Зајас.
-
Подготвителен состанок на Кругот на претседатели на Европската конференција на уставните судови што се одржа од 15 до 18 октомври 2009 година во Букурешт.
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија составена од претседателот на Уставниот суд д-р Трендафил Ивановски, генералниот секретар на Уставниот суд Милица Николовска и државниот советник за меѓународна соработка Татјана Јањиќ –Тодорова присуствуваше на подготвителниот состанок на Кругот на претседатели на Европската конференција на уставните судови што се одржа од 15 до 18 октомври 2009…