Почитувани,
Уставниот суд денеска ја одржа четвртата седница за 2022 година на која присуствуваа сите пет судии. По расправа за предметите од денешниот дневен ред одлучи да:
1. Расправата и одлучувањето по предметот У.бр.302/2020 се одложи за една од наредните седници на Судот
Подносител: Политичката партија ВМРО–ДПМНЕ и м-р Стојанче Геровски – адвокат од Скопје.
2. Ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 2 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 151/2021), во делот: “а најдоцна до 30 јуни 2022 година”
Реферат У.бр.129/2021
Подносител: Весна Спировска од Скопје
3. Не поведе постапка за оценка на уставноста на член 43 став 3 во делот: „или за гласање во советот“ од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/2002)
Реферат У.бр.117/2021
Подносител: Унија на потрошувачи на Македонија – УПОМ.
4. Не поведе постапка за оценување на законитоста на: член 80, став 1, алинеја 1 од Статутот на Економски факултет – Прилеп; член 88, став 1, алинеја 1 од Статутот на Правен факултет – Кичево; член 88 став 1, алинеја 1 од Статутот на педагошки факултет–Битола; и член 75 став 1, алинеја 1 од Статутот на техничко-технолошки факултет-Велес во согласност со Законот за високото образование и ја отфрли иницијативата за оценување на усогласеноста на наведените одредбите со Статутот на Универзитетот„Св. Климент Охридски“ Битола
Реферат У.бр.115/2021
Подносител: Проф.д-р Јове Кекеновски од Скопје
5. Ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 5 став 3 и член 13 став 2 од Правилникот за внатрешниот ред на Собранието на Република Македо-нија, бр.01-3937/1 од 17 септември 2008 година
Реферат У.бр.141/2021
Подносител: Политичка партија Левица од Скопје
5. Ја укина Одлуката за изменување и дополнување на Урбанистичкиот план вон населено место Ски центар Водно–Блок 3, Општина Карпош, број 08-1483/4 од 20.02.2015 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.3/2015)
Подносител: Невена Георгиевска од Скопје