Почитувани ,
Уставниот суд денеска ја одржа третата седница за 2022 година на која присуствуваа сите пет судии. По расправа за предметите од денешниот дневен ред одлучи да:
1. Jа отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 68 став 2 од Законот за нотаријатот („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016, 142/2016 и 233/2018)-Реферат У.бр.130/2021
Подносител: Здружение на граѓани за давање на правна помош на дискриминирани лица „Заштита од дискриминација“ од Виница.
2. Jа отфрли иницијативата за оценка на уставноста и законитоста на член 338 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.149/2021) –Реферат У.бр.131/2021
Подносител: Синдикат на полиција во Македонија-Велес
3. Не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт 3 04 Блок 04.02, Општина Карпош – Скопје, донесена од Советот на Општина Карпош, број 09-6997/8 од 12.11.2020 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.20/2020)-Реферат У.бр.119/2021
Подносител:Тони Трифуновски, застапуван од адвокат Трајче Китановски
4. Го отфрли барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 на Уставот на Република Северна Македонија во предметот- Реферат У.бр.141/2019
Подносител: Проф д-р Тања Каракамишева од Скопје
5. Jа укина Одлуката бр.09-1484/7 од 03.03. 2017 година за донесување на Детален урбанистички план за блок ССЗ 01.10, Градска четврт ССЗ 01 Општина Карпош-Скопје („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.3/2017), донесена од Советот на Општина Карпош –Реферат У.бр.35/2021
Подносител: Невена Георгиевска од Скопје