Соопштенија
-
Именување на генерален секретар на Уставниот суд на Република Македонија
Уставниот суд на Република Македонија, на седницаата одржана на 8 октомври 2009 година, за генерален секретар ја именува Милица Николовска, досегашен генерален секретар на Уставниот суд на Република Македонија, сметано од 17 октомври 2009 година.
-
Известување за одржување на подготвителна седница
Уставниот суд на Република Македонија ќе одржи подготвителна седница на 6 октомври 2009 година со почеток во 10,00 часот, по предметот У.бр. 42/2008 и У.бр.77/2008, за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција („Службен весник на Република Македонија“ бр. 14/2008), во целина и посебно…
-
Учество на Меѓународна конференција во Ереван
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Уставниот суд д-р Трендафил Ивановски,од 29 септември до 3 октомври 2009 година ќе учествува на XIV Меѓународна конференција во организација на Уставниот суд на Ерменија и Венецијанската комисија на Советот на Европа. Темата на овогодинешната конференција ќе биде: „Меѓународните искуства од интеракцијата на уставните…
-
Одржана стручна расправа на тема „Уставно судство“.
На 25 септември 2009 година,во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје во организација на Уставниот суд на Република Македонија и Програмата за владеењето на правото на Фондацијата Конрад Аденауер се одржа стручна расправа на тема „Уставно судство“. Во рамките на стручната расправа беше промовирана Публикацијата „Избрани одлуки на Уставниот суд на СР Германија“, преведена на македонски јазик, издадена…
-
Средба со д-р Штефани Рикарда Рос и г-дин Анри Боне
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски денес оствари средба со д-р Штефани Рикарда Рос, директорка на Програмата за владеење на правото во Југоисточна Европа на Фондацијата Конрад Аденауер и г-дин Анри Боне, директор на Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје. Средбата беше во функција на стручната расправа што во организација…
-
Стручна расправа на тема „Уставно судство“
На 25 септември 2009 година со почеток во 9,30 часот во салата Милениум II на Хотел „Холидеј ин“ во Скопје ќе се одржи стручна расправа на тема „Уставно судство“. Расправата е во организација на Програмата за владеење на правото во ЈИЕ на Фондацијата Конрад Аденауер и Уставниот суд на Република Македонија и неа ќе ја…
-
Доставени изјави до Комисијата за лустрација
Претседателот и судиите на Уставниот суд на Република Македонија, како и генералниот секретар и раководните државни службеници во Судот, денес доставија изјави до Комисијата за лустрација со цел да се провери дали некој од нив соработувал со органите на државната безбедност во кршење или ограничување на основните слободи и права на граѓаните од политички или…
-
Средба со специјалниот известувач на ООН за слободата на религијата и убедувањето
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски денеска ќе оствари средба со г-ѓа Асма Џахангир, специјалниот известувач на Организацијата на Обединетите Нации за слободата на религијата и убедувањето. Средбата се остварува во рамките на официјалната посета на г-ѓа Џахангир на Република Македонија.
-
Известување за одржување на подготвителна седница
Уставниот суд на Република Македонија ќе одржи подготвителна седница на 28 април 2009 година со почеток во 10,00 часот, по предметот У.бр.226/2008, за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 45став 2, во делот: „и екстерно“ и ставовите 3, 4 и 5 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.…
-
С О О П Ш Т Е Н И Е до јавноста
С О О П Ш Т Е Н И Е до јавноста 1. Во врска со Одлуката за укинување на член 26 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.103/2008), донесена од Уставниот суд на Република Македонија на 15 април 2009 година, која се однесува на верското образование во основните училишта, очигледна…
-
Поставен камен темелникот на новиот објект во кој ќе биде сместен Уставниот суд на Република Македонија
На 23 март 2009 година беа поставени темелите на новата зграда во која ќе биде сместен Уставниот суд на Република Македонија. Премиерот Никола Груевски и претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски вчера го поставија камен-темелникот за изградба на објектот, а со свечениот чин што беше проследен со света литургија чиноначалствуваше Архиепископот…
-
Годишна прес-конференција за работата на Судот во 2008 година
Годишна прес-конференција за работата на Судот во 2008 година Заради остварување на определбата на Уставниот суд на Република Македонија уставните овластувања да ги врши јавно, Судот организира прес-конференција на која ќе ги презентира податоците за својата работа во 2008 година. Конференцијата ќе се одржи на 19 февруари 2009 година (четврток), во 11,00 часот, во салата…