Соопштение

Ве информираме дека денес (14 јануари 2022 година) завршува деветгодишниот мандат на судијата Јован Јосифовски. Тој е избран за судија на Уставниот суд на 24 декември 2012 година, при што неговиот мандат започна на 14 јануари 2013 година. Судијата Јосифовски даде придонес со своето активно учество во работата на Судот и во изминатите девет години му беа доделени 228 предмети.

Со завршувањето на мандатот на Јосифовски, Уставниот суд останува да функционира со пет судии, од вкупно девет предвидени со Уставот.