Соопштенија
-
Уставните судии се сретнаа со Рајнер Вилант, потпретседател на Европскиот Парламент и член на Комитетот за уставни прашања
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска заедно со сите судии остварија средба со Рајнер Вилант, потпретседател на Европскиот Парламент и член на Комитетот за уставни прашања на Европскиот Парламент. На средбата се дискутираше за актуелните предизвици, како што е неизбирањето на уште двајца уставни судии од страна на Собранието, начинот на работа во Уставниот суд…
-
Соопштение по одржаната 19. седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа 19. Седница со дневен ред на кој беа дискутирани две иницијативи за оценување на уставност, едно барање за заштита на слободите и правата, и предмет за решавање на судир на надлежност и одлучи: 1. Реферат У.бр.64/2021 Се поведува постапка за оценување на Член 205 од Законот за облигационите односи („Службен…
-
Формирани нови 11 предмети во Уставниот суд во периодот 1-20 април 2023 година
Во периодот од 1 до 20 април во Уставниот суд беа оформени 11 нови предмети по претходно поднесени иницијативи и барања од граѓаните. Сите овие предмети се предадени на работа кај тимови од советници и судии и се во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во…
-
Соопштение по одржаната 18. седница на Уставниот суд
Уставниот суд ја одржа 18. седница на 10.05.2023 година на која беа разгледани четири иницијативи за оценување на уставност и законитост и две барања за заштита на слободи и права и беше одлучено следното: 1. Реферат У.бр.22/2020 и У.бр.231/2020 Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 110 од Законот за Јавното обвинителство…
-
Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации
Уставниот суд информира дека не поведе постапка за оценување на уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, што значи дека овие законски измени остануваат во правниот промет. Уставниот суд оцени дека се неосновани наводите во иницијативата дека оспорените измени и дополнувања се во спротивност со членот 16 од Уставот…
-
Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставност на членот 110 од Законот за Јавното обвинителство
Поради интерес на јавноста Уставниот суд информира дека одлучи да не поведе постапка за оценување на уставност на членот 110 од Законот за Јавното обвинителство оспорен во предметите У.бр.19/2022 и У.бр.39/2022, што значи тој член останува во правниот промет. Имено, Уставниот суд оцени дека во функција на заштита на уставно загарантираните основни слободи и права…
-
Писмо со сочуство до претседателката на Уставниот суд на Република Србија
По повод немилите случувања во Србија, претседателката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Добрила Кацарска денеска (08.05.2023) упати писмо со сочуство до претседателката на Уставниот суд на Србија, Снежана Марковиќ.
-
Соопштение по одржаната 17. седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа 17. седница со дневен ред на кој се дискутираше за три иницијативи за оценување на уставност и две барања за заштита на човекови права и слободи и одлучи: 1. Реферат У.бр.71/2022 Ја отфрли иницијативата за оценување на уставност на членот 10 став 12 од Законот за домување oтфрлено бидејќи претходно…
-
Соопштение по одржаната 16. седница на Уставниот суд
Уставниот суд на 26. април 2023 година ја одржа 16. седница со дневен ред на кој се дискутираше за пет иницијативи за оценување на уставност и едно барање за заштита на човекови права и слободи и одлучи: 1.Реферат У.бр.70/2022 Ја отфрли иницијативата за оценување на Членот 83 став 1 од Законот за даночна постапка во…
-
Соопштение по одржаната 15. седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа 15. седница на која беа разгледани шест иницијативи за оценување на уставност и законитост, едно барање за заштита на слободи и права од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија и еден предлог за одлучување, при што беше одлучено следното: 1. Реферат У.бр.91/22 Ја отфрли иницијативата за…
-
Дневен ред за 15. седница закажана за 20 април 2023
Уставниот суд ќе ја одржи 15. Седница на 20 април 2023 година во 9:30 часот со дневен ред на кој се закажани шест иницијативи за оценување на уставност и законитост, едно барање за заштита на слободи и права и предлог за одлучување по нацрт-одлука. I- РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ НА:…
-
Уставниот суд оформи 13 нови предмети во март 2023 година
Почитувани, Во периодот од 1 до 31 март во Уставниот суд беа оформени 14 нови предмети по претходно поднесени иницијативи и барања од граѓаните. Сите овие предмети се предадени на работа кај тимови од советници и судии и се во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите…