Делегација од Уставниот суд ја почна билатералната посета на Република Туркије со средба со амбасадорот на Република Северна Македонија во Анкара

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, судиите м-р Фатмир Скендер, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева и проф.д-р Ана Павловска-Данева и шефот на кабинетот д-р Екрем Халими, на средбата со Јово Манасиевски, амбасадор на Република Северна Македонија во Република Туркије беа информирани за активностите на амбасадата во насока на зацврстување и унапредување на пријателските односи меѓу двете земји, како и за актуелните состојби во Република Туркије. 

Претседателот на Судот, Костадиновски го информираше амбасадорот Манасиевски за досегашната успешна соработка со Уставниот суд на Република Туркије и за претстојните  активности за продолжување на соработката, со цел размена на искуствата и споделување на најдобрите практики, како и за поддршката и заемното информирање меѓу двата суда на меѓународен план. 

Претседателот и судиите присуствуваат во Анкара по повод одржувањето на билтералната посета на Уставниот суд на Република Туркије. Во рамки на посетата се организирани средби со претседателите на Врховниот и Управниот суд на Република Туркије.