Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судиите Елизабета Дуковска, м-р Фатмир Скендер, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, проф. д-р Ана Павловска-Данева учествуваат на одбележувањето на 73 години од основањето на Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје.
Покрај одбележувањето на овој значаен јубилеј, претседателот Костадиновски и судијките Павловска-Данева и Васиќ-Бозаџиева ќе имаат свое излагање за време на Пленарен панел на Годишната меѓународна научна конференција под наслов: 2024 „Challenges of Legal Systems“, каде што ќе имаат свои обраќања во рамки на „Правно советување за современи теми ‘одлуки на Уставниот суд vis – a – vis одлуки од редовно судство”.
Учеството на претседателот и на судиите на Уставниот суд (08.11.2024) е активност со која се продлабочува соработката помеѓу двете страни, за што беше склучен и Меморандум за соработка во јули оваа година.