Делегација од Уставниот суд присуствува на одбележување на 60-годишниот јубилеј на Уставниот суд на Црна Гора

Делегација на Уставниот суд во состав од претседателот д-р Дарко Костадиновски, судијката проф. д-р Јадранка Дабовиќ- Анастасовска и советничката м-р Лариса Милевска  учествуваат на одбележувањето на 60-годишнината од основањето на Уставниот суд на Црна Гора. 

По повод шест деценискиот јубилеј Судот организираше Меѓународната конференција на која свое обраќање покрај претседателката на Уставниот суд на Црна Гора, Снежана Арменко, имаа претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ,  потпретседателката на Европскиот суд за човекови права, Ивана Јелиќ, амбасадорката на Велика Британија во Подгорица, Дон Мекен, директорката на програмата за Западен Балкан во AIRE центарот, Билјана Брејтвеит. 

Во фокус на обраќањата и дискусијата се историски важните одлуки и ставови кои ги заземал Судот во клучни периоди,  улогата и значењето на Судот и можностите на граѓаните да се обратат пред Уставниот суд во Црна Гора со цел унапредување на правата на граѓаните. 

Овој значаен јубилеј го прославија и останатите поранешни држави кои беа дел од СФР Југославија, меѓу кои и Република Северна Македонија во текот на 2024 година преку низа активности.