Соопштенија
-
Уставниот суд оформи нови 13 предмети во мај 2023 година
Во текот на месец мај 2023 година до Уставниот суд беа оформени 13 нови предмети по претходно поднесени иницијативи за оценување на уставност. Сите овие предмети се предадени на работа кај тимови од советници и судии и се во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во…
-
Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Здружението „Културен Центар Иван Михајлов- Битола”
Уставниот суд денеска одлучи да ја отфрли иницијативата со која се бараше поништување на Статутот и на Програмата на Здружението Културен Центар Иван Михајлов- Битола. По утврдената фактичка состојба произлезе дека Здружението Културен Центар Иван Михајлов Битола е избришано од единствената база на податоци на Централниот регистар, односно не постои како правен субјект. Согласно овие…
-
Дневен ред за 23. седница на Уставниот суд закажана за 14 јуни 2023 година
Уставниот суд ќе ја одржи 23. седница на 14 јуни (среда) во 9:30 часот со дневен ред на кој ќе се разгледува една иницијатива за оценување на уставност и законитост и една иницијатива за оценување уставност на програма и статут на здружение на граѓани. I РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИТЕ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:…
-
Соопштение по одржаната 22 седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа 22. седница на која се дискутираше по три иницијативи за оценување на уставност и законитост и го одлучи следното: Реферат У.бр.28/202 -Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 155-а од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.40/2006, 127/2006, 136/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011, 51/2011, 142/2012, 31/2013, 34/2013,…
-
Уставниот суд укина дел од член 9 од Правилникот на АВМУ кој ги уредува условите за добивање на дозволи за радио и телевизиско емитување
Уставниот суд денеска го укина член 9 став 6 во делот „ и лицата ангажирани врз основа на договор за дело и/или авторски договор” од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување („Службен весник на Република Mакедонија” бр.172/2014 и бр.76/2015), опфатен во предметот Реферат У.бр.32/2022. …
-
Судијата д-р Дарко Костадиновски говореше на 30 Конгрес на Меѓународната федерација на европско право (ФИДЕ)
Уставниот судија, д-р Дарко Костадиновски учествуваше на 30 Конгрес на Меѓународната федерација на европско право (ФИДЕ), кој оваа година се одржа во Софија, Бугарија. Судијата Костадиновски како говорник на панел дискусијата „Владеење на правото во контекст на проширувањето на ЕУ“ изјави дека посебен предизвик за владеењето на правото и за Уставниот суд на Република Северна…
-
Дневен ред за 22. седница на Уставниот суд закажана за 6 јуни 2023 година
Уставниот суд ќе ја одржи 22. седница на 6 јуни 2023 година со почеток во 9:30 часот, со дневен ред на кој ќе се дискутира по три иницијативи за оценување на уставност и еден предлог за одлучување со нацрт-одлука: Реферат У.бр.28/2023 Оспорен: Членовите 153-а и 155-а од Изборниот законик Подносител на иницијативата: Страхил Гавритов Од…
-
Соопштение по одржаната 21. седница на Уставниот суд
По одржаната 21. седница на која се дискутираше по четири иницијативи за оценување на уставност Уставниот суд го одлучи следното: Реферат У.бр.16/2023 Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 99 став 5 во делот „правосилни“ од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/2006, 62/2006, 35/2008, 50/2010, 83/2018 и 198/2018…
-
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија во студиска посета на Република Хрватска
Петчлена делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија беше дел од студиска посета на Република Хрватска со цел запознавање и размена на најдобрите искуства од уставно-судската пракса на хрватскиот Уставен суд. Во текот на посетата се организираше работилница со фокус на запознавање со хрватскиот модел на уставна жалба, од основни информации поврзани со правната…
-
Оформени 9 нови предмети во Уставниот суд во периодот од 20-30 април 2023 година
Во периодот од 20 до 30 април во Уставниот суд беа оформени 9 нови предмети по претходно поднесени иницијативи од граѓаните. Сите овие предмети се предадени на работа кај тимови од советници и судии и се во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во иницијативите и…
-
Соопштение по одржаната 20. седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа 20. седница со дневен ред на кој се дискутираше по три иницијативи за оценување на уставност и одлучи: Реферат У.бр.14/2020, У.бр.36/2020 и У.бр.192/2020 Нe се поведува постапка за оценување на уставноста на Законот за јавното обвинителство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.42/2020) во целина и посебно оспорените член 4…
-
Дневен ред за 20. седница на Уставниот суд закажана за 23 мај 2023 година
Уставниот суд ќе ја одржи 20. седница на 23 мај (вторник) во 9:30 часот со дневен ред за кој се предвидени три иницијативи за оценување на уставност и предлог за одлучување по еден предмет. I РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИТЕ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА: Реферат У.бр.14/2020, У.бр.36/2020 и У.бр.192/2020 Оспорени акти: 1. Указ за…