Соопштенија
-
Предмети оформени по иницијативи на Министерството за правда на дневен ред на Уставниот суд
По изразениот интерес на јавноста во врска со иницијативи поднесени од страна на Министерството за правда, преку претставник-министер Кренар Лога информираме дека два од предметите(У.бр.104/2023 и У.бр.108/2023) ќе бидат ставени на дневен ред за дискусија на седницата закажана за 13.09.2023 во 9:30 часот. Уставниот суд во текот на месец јули 2023 година оформи десет нови…
-
Уставниот суд со честитка по повод 8 Септември- денот на независноста на државата
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска по повод денешниот ден на независноста, во свое лично име и во име на Судот упатува искрени честитки до сите граѓани на државата. -Нека денешниот празник не’ потсетува на мудрите одлуки кои се носеле во минатото, но и нека биде совест и глас на нашата борба за подобро, заедничко…
-
Соопштение по одржаната 31. седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа 31. седница на која се дискутираше по четири иницијативи и одлучи: 1.Реферат У.бр.91/2021 Предметот не го доби потребното мнозинство на гласови за одлучување, што значи останува отворен и понатаму. Оспорени акти: Одлука за измена и дополнување на ГУП за работна зона „Дуброво – Тремник“, општина Неготино, бр. 07-201/11 од 19.07.2001…
-
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска оствари онлајн средба со претставници од германската фондација ИРЗ во врска со извештајот за уставна жалба
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска оствари онлајн средба со претставници на германската фондација за правна соработка (ИРЗ) на чело со г. Штефан Пирнер, раководител на проектна област, експерти за уставно право од Сојузна Република Германија и претставници на амбасадата на СР Германија во Република Северна Македонија. На оваа работна средба претставниците на ИРЗ ги…
-
Oформени нови 33 предмети во текот на месец јуни и јули 2023 година
Во периодот од 20 јуни до 31 јули 2023 година до Уставниот суд беа оформени 33 нови предмети по претходно поднесени иницијативи за оценување на уставност или законитост. Сите овие предмети се предадени на работа кај тимови од советници и судии и се во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва…
-
Уставниот суд оформи нови предмети за законските измени на Законот за работни односи и измената на ДУП Буњаковец 2
Поради интерес на јавноста ве известуваме дека во Уставниот суд се формирани следните предмети: У.бр.96/2023 Оспорен: Член 1, 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.111/23). Подносител на иницијативата: Хелсиншки комитет за човекови права Од наводите во иницијативата: Се наведува дека со…
-
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска со честитка по повод државниот празник Илинден
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска по повод државниот празник Илинден во свое лично име и во име на Судот упатува честитки до сите граѓани. Нека овој празник остане пример за силната волја и истрајност во формирањето на слободна и демократска држава со принципот на владеење на правото како единствена визија на сите чинители во…
-
Соопштение по одржаната 29. седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа 29. седница на која се дискутираше по четири точки на дневен ред и одлучи: 1.Реферат У.бр.12/2023 Се отфрла иницијативата за оценување на уставност на член 128 став 4 од Законот за вонпарнична постапка. Судот утврди дека веќе еднаш одлучувал за истата работа. Подносител: Санде Пејоски 2.Реферат У.бр.65/2023 Се отфрла иницијативата…
-
Соопштение по одржаната 28. седница на Уставниот суд
Денеска се одржа 28. седница на Уставниот суд на која дискутираше по седум иницијативи за оценување на уставност и го одлучи следното: 1.Реферат У.бр.92/2023 По излагањето на судијата-известител и по расправата што се водеше по предметот, предлогот на судијата-известител да се поведе постапка за оценување на уставноста на член 4 став 1 точка 2 во…
-
Соопштение во врска со оспорениот Закон за матична евиденција
Со оглед на поголемиот медиумски интерес за предметот У.бр.92/2023 кој беше ставен на дневен ред Судот информира дека одлука денеска не е донесена. Имено, судијата известител Дарко Костадиновски предложи да се поведе постапка, односно во следната фаза да се оценува уставноста на три члена кои опфаќаат податок националност во матичните книги на родените, венчаните и…
-
Одржана обука на стручната служба во Уставниот суд на тема „Забраната за дискриминација во судската пракса на ЕСЧП”
Во Уставниот суд се одржа дводневна работилница за стручната служба на тема „Забраната за дискриминација во судската пракса на Европскиот суд за човекови права”. Во рамки на обуката беа разработени формите и основите на дискриминација, опсегот на употреба на членот 14 и член 1 од Протоколот бр.12 од ЕКЧП и беа спроведени вежби за препознавање…